/Прочитано:

174

АКАДЕМИК ОБУКА: Правни решенија и практики за обезбедување заштита и безбедност на класифицираните информации

На 27 септември 2018 година (четврток), Академик организира еднодневна обука на тема „Правни решенија и практики за обезбедување заштита и безбедност на класифицираните информации“. Предавач на обуката ќе биде д-р Стојан Славески, директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.  Обуката ќе се одржи во Центарот за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

Обуката е наменета за сите создавачи, иматели и корисници на класифицирани информации, лица и органи кои определуваат степени на класификација на информациите, правни и физички лица кои вршат декласификација или промени на степенот на класификација,  лица кои поседуваат безбедносен сертификат или дозвола за пристап до класифицирани информации, како и сите овластени лица за распространување на класифицираните информации.

Секое правно и физичко лице кое на каков било начин има пристап до информација со определен степен на класификација задолжително и во целост мора да ги познава и да ги применува мерките и активностите за заштита на класифицираните информации и да биде темелно запознаен со опасностите од оддавање на информациите на лица со неовластен пристап.

Обуката што ја организира Академик на 27.9.2018  има цел да ги запознае учесниците со правните решенија и со практиките за обезбедување заштита и безбедност на класифицираните информации и на тој начин да придонесе за намалување на ризиците, за детектирање и за спречување неовластен пристап до нив, како и за процена на ранливоста и можното нарушување на безбедноста на класифицираните информации.

Агенда:

КЛАСИФИКАЦИЈА НА ИНФОРМАЦИИ

Степени на класификација – видови, опфат и значење;

Определување на видот на интересот што се заштитува со информацијата;

Органи кои го определуваат видот и степенот на класификација на информациите;

Начин на класификација на информациите;

Постапка и услови за рекласификација и декласификација.

МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА КЛАСИФИЦИРАНИТЕ ИНФОРМАЦИИ

Критериуми за утврдување мерки за заштита на класифицираните информации;

Видови мерки и активности кои се преземаат за заштита на информациите;

Разработка на реални случаи и можни проблеми при преземање на различни мерки и активности за заштита на информациите;

Што опфаќа принципот „потребно е да знае“;

Постапка за издавање на безбедносни сертификати;

Времетраење и престанок на важењето на безбедносниот сертификат.

ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВРЗ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРОПИСИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА КЛАСИФИЦИРАНИТЕ ИНФОРМАЦИИ

Степен и обем на дозволен пристап на инспекторите до класифицираните информации со кои располагаат субјектите;

Најчести дилеми и грешки при постапувањето на субјектите во заштита на информациите;

Запечатување на објект и просторија – кога, на кој начин и во кои случаи;

Овластувања на инспекторот за изрекување наредба за преземање мерки;

Разработка на реални случаи и примери од праксата.

Сите заинтересирани за обуката можат да се пријават преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.