/ Прочитано:

1.450

АКАДЕМИК ОБУКА: Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување

„Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување“ е темата на обуката во организација на Академик, која ќе се одржи на 29.11.2018 година.
Предавачи на обуката ќе бидат Ана Михајловска – управен инспектор во Државниот управен инспекторат и Каролина Стојановска-Богдановска – советник управен инспектор во Државниот управен инспекторат.

Една од основните задачи на секој правен субјект е правилно водење на канцелариското и архивското работење. Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во  управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење.

На обуката  поединечно ќе биде обработена секоја алка во системот на канцелариското и архивското работење, и тоа:

  • Законските и подзаконските акти што ги регулираат канцелариското и архивското работење;
  • Процедурите за следење на патот на документите и предметите – од прием, па сè до разведување;
  • Водење деловодник и помошни евиденции и административно-техничка обработка на документите, со практични примери и вежби;
  • Евиденција и пополнување на печати и штембили;
  • Класифицирање на документите по архивски знаци;
  • Заштита на документацијата од оштетување и уништување;
  • Попис и опис на архивскиот материјал;
  • Одбирање на архивскиот од документарниот материјал и предавање на материјалот до надлежниот архив;
  • Постапка за уништување на документарниот материјал.

Агенда:

Правна рамка за канцелариско и архивско работење

  • Законски и подзаконски акти со кои се уредуваат канцелариското и архивското работење;
  • Правила и процедури за следење на движењето на актите (од влез и прием на актот, па сè до негово експедирање);
  • Права и обврски на имателите на јавен и на приватен архивски и документарен материјал.

Водење деловодник и книги за евиденција, со посебен осврт на е-архива и е-деловодник 

  • Правила и техники за заведување на документите и за водење на деловодникот и други книги за евиденција;
  • Почеток на водење и заклучување на деловодникот;
  • Разведување на документи/записи во деловодникот;
  • Водење на е-деловодник и негова усогласеност со рачното водење на деловодникот;
  • Движење на документите, водење книги за евиденција и распоредување на документите во работа по вработен;
  • Евиденција и употреба на печати и штембили;
  • Овластувања за водење деловодник и е-деловодник, прием на пошта и користење на печати и штембили;
  • Специфични ситуации и проблеми од практиката што се јавуваат при водењето на деловодник кај големи правни лица и кај институции со широка организациска структура;
  • Најчесто поставувани прашања поврзани со електронското водење на архивата (е-архива и е-деловодник).

Постапување со архивски и документарен материјал

  • План на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал, со рокови за негово чување;
  • Одбирање  на  архивскиот од  документарниот материјал;
  • Евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал;
  • Категоризација на архивскиот материјал;
  • Попишување на документарниот материјал на кој му изминал рокот за чување;
  • Постапка за уништување на документарен материјал со изминат рок за чување;
  • Простор, опрема и услови за чување и заштита на архивскиот и на документарниот материјал;
  • Предавање на јавниот архивски материјал на трајно чување во Државниот архив на Република Македонија;
  • Практични примери и вежби.

Време и место на одржување на обуката:  29.11.2018 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.