/ Прочитано:

2.200

АКАДЕМИК ОБУКА: „Сè што треба да знаете за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување“

Една од основните задачи на секој правен субјект е правилното водење на канцелариското и архивското работење. Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во  управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење.

На ден 17.5.2018 година, Академик организира еднодневна обука на која поединечно ќе биде обработена секоја алка во системот на канцелариското и архивското работење, и тоа:

Законските и подзаконските акти што ги регулираат канцелариското и архивското работење;

Процедурите за следење на патот на документите и предметите – од прием, па сè до разведување;

Водење деловодник и помошни евиденции и административно-техничка обработка на документите, со практични примери и вежби;

Евиденција и пополнување на печати и штембили;

Класифицирање на документите по архивски знаци;

Заштита на документацијата од оштетување и уништување;

Попис и опис на архивскиот материјал;

Одбирање на архивскиот од документарниот материјал и предавање на материјалот до надлежниот архив;

* За прв пат во рамките на истата правна обука ќе биде опфатена и постапката за уништување на документарниот материјал.

Предавач на обуката ќе биде Ана Михајловска – управен инспектор во Државниот управен инспекторат.

АГЕНДА

Правна рамка за канцелариско и архивско работење

Запознавање со законските и подзаконските акти од областа на канцелариското и архивското работење;

Правила и процедура за следење на движењето на актите (од влез и прием на актот, па сè до негово испраќање);

Права и обврски на имателите на јавен и на приватен архивски и документарен материјал.

Водење деловодник и книги за евиденција

Правила и техники за заведување на документите и водење на деловодникот и други книги за евиденција;

Почеток на водење и заклучување на деловодникот;

Разведување на документи/записи во деловодникот;

Евиденција и употреба на печати и штембили;

Овластувања за водење деловодник, прием на пошта и користење на печати.

Постапување со архивски и документарен материјал

План на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал со рокови за негово чување;

Одбирање  на  архивскиот од  документарниот материјал;

Евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал;

Категоризација на архивскиот материјал;

Попишување на документарниот материјал на кој му изминал рокот за чување и негово уништување;

Простор, опрема и услови за чување и заштита на архивскиот и на документарниот материјал;

Предавање на јавниот архивски материјал на трајно чување во Државниот архив на Република Македонија;

Практични примери и вежби.

На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на една обука за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10 % попуст.

За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

Обуката ќе се одржува во новоотворениот Центар за обуки Академик кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр. 1.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуките преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.