/Прочитано:

93

АКАДЕМИК ОБУКА: Сигурност и заштита на податоците и информациите при електронска обработка

На 18 декември 2018 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема „Сигурност и заштита на податоците и информациите при електронска обработка“.

Предавач на обуката ќе биде Игор Кузевски, експерт со долгогодишно искуство од областа на заштитата на личните податоци и информациската сигурност, автор на книгата „Прирачник за заштита на личните податоци – практичен водич“, во издание на Академик.

Секој правен субјект, како од приватниот така и од јавниот сектор, прибавува, обработува и располага со големо количество информации и податоци, кои доколку се откријат и доколку се  злоупотребат, можат да нанесат огромни штети за работењето на правното лице, но и за личноста и интегритетот на физичкото лице на кое се однесуваат. Безбедното користење на информатичката технологија и располагањето со чувствителни информации и податоци се материја за која е неопходно да се применуваат пропишаните правни регулативи, како и техничките механизми.

Во насока на обезбедување соодветна стручна подготовка на субјектите за правилно користење, обработување и чување на податоците, Академик ја организира еднодневната обука која е наменета за сите вработени кои на каков било начин имаат пристап до податоците кои се прибираат во правното лице.

Агенда:

ВАЖНОСТА И ЗНАЧЕЊЕТО НА ИНФОРМАЦИСКАТА СИГУРНОСТ И ПРИВАТНОСТ И ОСНОВИ НА НИВНАТА ЗАШТИТА

  • Правната рамка во Република Македонија;
  • Правната регулатива во ЕУ и нејзиното влијание врз работата во РМ во областа на информациската сигурност и заштита на приватноста;
  • Значење на поимите (нови поими и предизвици).

ОБРАБОТКА НА ИНФОРМАЦИИТЕ И ПОДАТОЦИТЕ И НИВНА ЗАШТИТА

  • Мерки и контроли за обезбедување тајност и заштита на податоците и информациите при нивната обработка;
  • Обезбедување (осигурување) на оперативните системи за автоматска обработка на податоците;
  • Обработка на податоците преку системи за масовно набљудување (bulk surveillance, eavesdropping, pocket sniffing); мерки за правилно постапување и мерки за заштита – видеонадзор, мониторинг.

МЕРКИ И КОНТРОЛИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ТАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ОБРАБОТКАТА НА ИНФОРМАЦИИТЕ И ПОДАТОЦИТЕ И ЗАШТИТА ОД САЈБЕР ИЗМАМИ

  •  Методи и алатки за заштита на информациите и податоците (криптирање, маскирање, псевдонимизација, агрегирање);
  • Обезбедување сигурносни копии и континуитет во работењето во случај на инцидент;
  • Безбедност при обработка на податоците на интернет и заштита од социјалниот инженеринг и други видови сајбер измами (phishing, pharming).

Прашања, одговори и дискусија

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Време и место на одржување на обуката: 18.12.2018 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.