/ Прочитано:

3.341

АКАДЕМИК ОБУКА: Систем за управување со ефектот на административните службеници, пополнување на работни места и практична симулација на ИСУЧР

Со цел комплетна поддршка на субјектите за успешно управување со човечките ресурси во јавната администрација, Академик организира еднодневна обука, на која ќе биде направен спој на теоретското и на практичното управување со човечките ресурси.  Предавачи на обуката ќе бидат Билјана Николовска-Жагар, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација, и Лаура Идризи, помлад соработник за оценување на вработените во Министерството за информатичко општество и администрација.

На обуката, која ќе се одржи на 12.6.2018 година (вторник), од 10:00 до 15:00 часот, ќе се анализираат најновите законски решенија во поглед на начинот, постапката и условите за пополнување на работните места на административните службеници, што ќе биде надополнето и со обработка на елементите на системот за управување со ефектот на административните службеници.

Ефективноста на обуката ќе биде заокружена со практична симулација на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), кој е задолжителна алатка за електронско управување со човечките ресурси во јавната администрација и чие целосно пополнување претставува предуслов за исплата на плати.

Агенда:

ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

  • Постапка за селекција за вработување на административен службеник;
  • Постапка за унапредување на административниот службеник;
  • Мобилност преку распоредување или преземање;
  • Значење и функција на трансфер-листата.

УТВРДУВАЊЕ НА РАБОТНИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ И ОЦЕНУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

  • Што содржи системот за управување со ефектот на административните службеници;
  • Утврдување на цели и задачи за работа;
  • Индивидуални планови за стручно усовршување во случаи кога административниот службеник нема непосредно претпоставен административен службеник;
  • Постапка за подобрување на ефектот;
  • Начин на спроведување на полугодишно интервју;
  • Задолжително оценување на административните службеници – начин и постапка.

ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (ИСУЧР)

  • Значење и цел на ИСУЧР;
  • Субјекти кои имаат обврска за упис во системот;
  • Организација на системот во 4 модули;
  • Пристап до системот;
  • Овластено лице за работа со ИСУЧР.

СИМУЛАЦИЈА НА КОРИСТЕЊЕТО НА ИСУЧР 

  • Внесување на организациона структура;
  • Внесување на работни места;
  • Активирање на Правилник за систематизација на работни места;
  • Внесување на промени и исправка на грешки;
  • Поврзување со Управата за јавни приходи.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10 % попуст.

За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

Обуката ќе се одржува во новоотворениот Центар за обуки Академик, кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр. 1.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.