/ Прочитано:

2.500

АКАДЕМИК ОБУКА: Спроведување постапки за јавни набавки во согласност со новиот Закон за јавните набавки

На 31.1.2019 година (четврток), Академик ќе одржи обука на тема „Спроведување постапки за јавни набавки во согласност со новиот Закон за јавните набавки“.

Што предвидува Законот; какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката; кои се најзначајните новини со кои се означува реформата во системот за јавни набавки; кој е критериумот за избор на најповолна понуда, се прашањата кои ќе бидат детално елаборирани на обуката во организација на Академик.

Воедно, на обуката преку практични примери детално ќе бидат разработени елементите на системот за јавни набавки, со што субјектите навремено ќе се подготват за успешна и правилна примена на новините.

Предавач на обуката ќе биде  Кирил Каранфилов, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки и долгогодишен експерт од областа на јавните набавки.

Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи и економски оператори, за лица на управувачки и раководни позиции, за членови на комисии за јавни набавки, за одговорни лица и за вработени во организационата единица за јавни набавки.

Законот за јавните набавки е изгласан во Собранието на РМ. Законот предвидува бројни измени и новини во системот за јавни набавки, и тоа:

– клучни измени во поглед на критериумите за доделување договори за јавни набавки,

– посебен систем за е-пазар за набавки од мала вредност,

– нови постапки за јавни набавки,

– понуда во форма на електронски каталог и

– многу други досега неприменети правни институти со кои започнува целосна реформа во системот на јавните набавки.

Агенда:

Новини предвидени во Законот за јавните набавки

  • Начела на кои се темелат јавните набавки;
  • Новини кај исклучоците од примена на Законот;
  • Резервирани договори – услови за резервирање, докажување на нивната исполнетост и можни негативни последици од нивната примена;
  • Утврдување на способност;
  • Критериуми за избор на најповолна понуда;
  • Извршување на договор.

Постапки за доделување договори за јавни набавки во согласност со Законот

  • Видови постапки во согласност со Законот;
  • Нови вредносни прагови за спроведување на постапките;
  • Посебна постапка за набавка од мала вредност;
  • Нова поедноставена отворена постапка;
  • Конкурентна постапка со преговарање – во кои случаи може да се користи и начин на спроведување на постапката;
  • Дистинкција помеѓу условите за спроведување на конкурентна постапка со преговарање и конкурентен дијалог;
  • Партнерство за иновации;
  • Воведување на динамичен систем за набавки – начин, услови и постапка за негова примена;
  • Нов систем за е-пазар на набавки од мала вредност;
  • Е-план за јавни набавки.

Избор на најповолна понуда и правна заштита во постапката за доделување договор за јавна набавка

  • Претходна контрола на тендерска документација;
  • Задолжително мислење од Бирото за јавни набавки за користење постапка со преговарање без објавување на оглас;
  • Најзначајни интервенции во Законот во делот на жалбената постапка;
  • Воведување и имплементација на е-жалба.

Време и место на одржување на обуката: 31.1.2019 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.