/Прочитано:

154

АКАДЕМИК ОБУКА: Вовед во Предлог-законот за јавните набавки и подготовка за негова примена

На 13.12.2018 година Академик организира еднодневна обука на тема „ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ И ПОДГОТОВКА ЗА НЕГОВА ПРИМЕНА – Што предвидува Предлог-законот, какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката, кои се најзначајните новини со кои се означува реформата во системот за јавни набавки“

Предавач на обуката ќе биде м-р Маја Малахова, долгогодишен експерт од областа на јавните набавки и поранешен претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи и економски оператори, лица на управувачки и раководни позиции, членови на комисии за јавни набавки, одговорни лица и вработени во организационата единица за јавни набавки.

Предлог-законот за јавните набавки веќе е влезен во собраниска процедура, се разгледува како точка на дневен ред на седница и наскоро се очекува неговото усвојување. Предлог- законот предвидува бројни измени и новини во постапките за јавни набавки, како и клучни измени во поглед на критериумите за доделување договори за јавни набавки, посебен систем за е-пазар за набавки од мала вредност и многу други досега неприменети правни институти со кои започнува целосна реформа во системот на јавните набавки.

Агенда:

Значајни новини предвидени во Предлог-законот за јавните набавки и разлики со постојниот Закон

  • Воведување на нови правни институти и механизми со кои се регулираат постапките за јавни набавки и нивна дефиниција;
  • Динамичен систем за набавки – дефиниција, начин, услови и постапка за негова примена;
  • Какви обврски произлегуваат од воведувањето и од примената на меѓународните, европските и националните стандарди за економските оператори и договорните органи;
  • Значење и содржина на забраната за ангажман кај носителот на набавката;
  • Објавување на е-план за јавни набавки.

Предложени измени и новини во поглед на постапките за доделување договори за јавни набавки

  • Видови постапки во согласност со Предлог-законот;
  • Начин и услови за спроведување на постапка за набавка од мала вредност;
  • Систем за е-пазар на набавки од мала вредност;
  • Резервирани договори – услови за резервирање, докажување на нивната исполнетост и можни негативни последици од нивната примена;
  • Дистинкција помеѓу условите за спроведување на конкурентна постапка со преговарање и конкурентен дијалог.

Избор на најповолна понуда и правна заштита во постапката за доделување договор за јавна набавка

  • Воспоставување и водење на квалификациски систем на понудувачи;
  • Предложени решенија и клучни измени во поглед на критериумите за избор на најповолна понуда;
  • Најзначајни интервенции во Предлог-законот во делот на жалбената постапка;
  • Воведување и имплементација на е-жалба.

Време и место на одржување на обуката: 13.12.2018 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.