/ Прочитано:

975

АКАДЕМИК ОБУКА: Вовед во Предлог-законот за јавните набавки и подготовка за негова примена

На 13 ноември Академик ќе одржи обука со наслов „Вовед во Предлог-законот за јавните набавки и подготовка за негова примена“, на која ќе се говори за новините во Предлог-законот, за тоа какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката и кои се најзначајните новини со кои се означува реформата во системот за јавни набавки.

Предавач на обуката ќе биде м-р Маја Малахова, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи и економски оператори, за лица на управувачки и раководни позиции, за членови на комисии за јавни набавки, за одговорни лица и за вработени во организационата единица за јавни набавки.

Со цел поедноставување на постапките за јавни набавки и воведување нови механизми и инструменти за вршење на јавните набавки во согласност со законодавството и со директивите на Европската Унија, изготвен е нов Предлог-закон за јавните набавки, кој е веќе влезен во собраниска процедура и се очекува неговото усвојување.

За таа цел на обуката на Академик преку сеопфатна анализа на Предлог-законот и преку практични примери детално ќе биде разработена основата врз која започнува градењето на темелна реформа во системот на јавните набавки, и на тој начин ќе се понуди навремена подготовка на субјектите за успешна и правилна примена на Предлог-законот.

Агенда:

Значајни новини предвидени во Предлог-законот за јавните набавки и разлики со постојниот Закон

  • Воведување на нови правни институти и механизми со кои се регулираат постапките за јавни набавки и нивна дефиниција;
  • Динамичен систем за набавки – дефиниција, начин, услови и постапка за негова примена;
  • Какви обврски произлегуваат од воведувањето и од примената на меѓународните, европските и националните стандарди за економските оператори и договорните органи;
  • Значење и содржина на забраната за ангажман кај носителот на набавката;
  • Објавување на е-план за јавни набавки.

Предложени измени и новини во поглед на постапките за доделување договори за јавни набавки

  • Видови постапки во согласност со Предлог-законот;
  • Начин и услови за спроведување на постапка за набавка од мала вредност;
  • Систем за е-пазар на набавки од мала вредност;
  • Резервирани договори – услови за резервирање, докажување на нивната исполнетост и можни негативни последици од нивната примена;
  • Дистинкција помеѓу условите за спроведување на конкурентна постапка со преговарање и конкурентен дијалог.

Избор на најповолна понуда и правна заштита во постапката за доделување договор за јавна набавка

  • Воспоставување и водење на квалификациски систем на понудувачи;
  • Предложени решенија и клучни измени во поглед на критериумите за избор на најповолна понуда;
  • Најзначајни интервенции во Предлог-законот во делот на жалбената постапка;
  • Воведување и имплементација на е-жалба.

Време и место на одржување на обуката: 13.11.2018 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.