/ Прочитано:

2.058

АКАДЕМИК ОБУКА: Закон за работните односи – најнови измени и дополнувања

На 16 октомври 2018 година (вторник) Академик ќе одржи еднодневна обука на тема „Закон за работните односи – најнови измени и дополнувања“. Предавач на обуката ќе биде Мирјанка Алексевска – експерт од областа на трудовото право и политиките за вработување.

Во месец јули 2018 година стапи во сила Законот за измени и дополнувања на Законот за работните односи. Со донесените измени директно се влијае на повеќе правни институти од трудовото право кои во целина со останатите законски одредби формираат правна платформа која отвора дилеми во работењето и од аспект на работодавецот и од аспект  на работникот.

Во таа насока, а со цел комплетна поддршка на субјектите за успешна подготовка за примена на Законот, на обуката во организација на Академик преку сеопфатна анализа на законските решенија што ги регулираат работните односи, вклучувајќи ги и најновите измени и дополнувања, ќе бидат понудени одговори на бројни прашања од областа на трудовото право.

Воедно, учесниците на обуката ќе се стекнат со знаења за најдобра практична примена на новините во Законот, а ќе имаат можност да пренесат конкретни ситуации и примери од своето работење, како и да дискутираат и да разработат и други правни институти  од трудовото право.

Агенда

НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

  • Цел и значење на Законот за измени и дополнувања на Законот за работните односи;
  • Проширување на правата на работниците вработени на определено време преку забрана за дискриминација;
  • Механизми и начини за дополнителната заштита на правата од работен однос на дете на возраст под 15 години;
  • Нови рокови за максимално времетраење на пробната работа;
  • Дефинирање на задолжителните елементи од содржината на договорот за вработување;
  • Измени во поглед на минималните рокови за времетраењето на јавниот оглас за вработување, односно рокот за пријавување.

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА ВО ПОГЛЕД НА ОТКАЖУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

  • Уредување на постапката пред отказ преку прецизирање на причините за отказ и на содржината на предупредувањето како задолжителен чекор во отказната постапка;
  • Прецизирање на критериумите за отказ од деловни причини и нивно значење;
  • Воведување на минимални рокови за подобрување на работењето од страна на работникот по изречено писмено предупредување;
  • Изедначување на роковите за застареност на отказот поради лични причини и на отказот поради причина на вина;
  • Воведување мерки за заштита на работникот на кој му престанал договорот за вработување од деловни причини;
  • Обезбедување на поголема испратнина во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини.

ИМПЛИКАЦИИ ОД ИЗМЕНИТЕ ВРЗ ДРУГИТЕ ПРАВА ОД РАБОТЕН ОДНОС

  • Измени во поглед на начинот и на роковите за поднесување изјава за продолжување на договорот за вработување;
  • Проширување на правата на приправниците во поглед на износот за исплата на плата;
  • Прецизирање на значењето на терминот соодветна храна за работник кој работи ноќно време;
  • Дополнителни механизми за заштита на правото на годишен одмор.

На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуките за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани за обуката можат да се пријават преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.