/Прочитано:

128

Академик одржа обука за актуелни прашања од областа на трудовото право и законските новини за работните односи

Академик одржа обука за Законот за работните односи, со посебен осврт на најновите законските измени.

Предавач на обуката беше Миле Стојановски, кој пред големиот број учесници даде сеопфатна анализа на постојните законски одредби во компарација со новите законски измени.

Клучни теми на обуката беа законските новини во Законот за работните односи, измените и дополнувањата во поглед на откажувањето на договорот за вработување и импликациите од измените врз другите права од работен однос.

„На обуката се стекнавме со знаења за најдобра практична примена на новите предлог-решенија од Законот, а имавме и можност да размениме мислења и искуства и да разговараме за конкретни ситуации и примери од нашето работење. Обуката беше извонредно организирана“, коментираат учесниците на обуката.

Влатко Калчиноски од ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ и Александра Трајковиќ од НУ Археолошки музеј на Македонија велат дека предавачот на обуката имал одлично предавање, со што обуката ја исполнила својата цел.

„Исто така, и организацијата на обуката беше добро спроведена, со соодветен распоред проследен со одлично и предавање“, велат Мила Тасевска од ГА-МА АД Скопје и Владимир Ѓеоргиевски од „Елена Лука хоме“.

„Академик секогаш е чекор пред нашите потреби. Само така и да продолжи“, вели Лилјана Пандева од Дирекција за безбедност на класифицирани информации.

„Обуката беше добро организирана, а предавачот беше одлично подготвен, со широки познавања од областа на трудовото право и особено на ЗРО“, нагласува Стеван Стојиљковиќ од „Макпетрол“ АД Скопје.

„Презентацијата на актуелните случувања во трудовото законодавство беше одлична и проследена со квалитетна дискусија и одлично предавање“, истакнува Елена Тушева од Штедилница „Можности“.