/ Прочитано:

2.029

Академик одржа обука за актуелни теми од областа на јавните набавки

Академик организираше еднодневна обука на тема „Вовед во новиот Предлог-закон за јавните набавки и подготовка за негова примена – Што предвидува Предлог-законот, какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката, кои се најзначајните новини со кои се означува реформата во системот за јавни набавки“. Предавач на обуката беше Маја Малахова, долгогодишен експерт од областа на јавните набавки и поранешен претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

На обуката Малахова детално се осврна на значајни новини предвидени во Предлог-законот за јавните набавки,  потоа за предложените измени и новини во поглед на постапките за доделување договори за јавни набавки и изборот на најповолна понуда, како и за правната заштита во постапката за доделување договор за јавна набавка.

Учесниците на обуката како претставници од приватниот и од јавниот сектор и од договорни органи и економски оператори истакнаа дека обуката била мошне едукативна и корисна и проследена со бројни појаснувања на комплексните прашања во врска со примената на новото законско решение кое е во процедура на донесување.

„Обуката беше супер. Предавачката имаше одлична презентација. Ваквите обуки се потребни за да можеме благовремено да се подготвиме за новите законски решенија за јавните набавки. Исто така, за пофалба е и одличната организација на обуката која беше збогатена со многу корисна дискусија и со размена не мислења и искуства“, истакнуваат учесниците на обуката.

Инаку, Предлог- законот за јавните набавки предвидува бројни измени и новини во постапките за јавни набавки, како и клучни измени во поглед на критериумите за доделување договори за јавни набавки, посебен систем за е-пазар за набавки од мала вредност и многу други досега неприменети правни институти со кои започнува целосна реформа во системот на јавните набавки.