/ Прочитано:

1.349

Академик одржа  обука за јавните набавки, со посебен осврт на Нацрт- законот за јавните набавки

Академик денеска одржа еднодневна обука за јавни набавки, на која пред големиот број учесници се говореше за доделувањето договори за јавни набавки, за правната заштита во постапките и за најважните новини предвидени во Нацрт-законот за јавните набавки. Предавач на обуката беше м-р Маја Малахова, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Објективна, брза и ефективна правна заштита во постапките за доделување договор за јавна набавка, беше нагласено на денешната обука, е предмет кој е од особен интерес за економските оператори, а водењето на постапката на правилен и законит начин е обврска на договорните органи.Доделувањето на договорите за јавни набавки преку соодветната постапка, со посебно внимание на примената на специфичностите на постапката, како и можноста и изборот на соодветно средство за правна заштита, е комплексна задача од сериозна одговорност и важност.

Постапките за доделување договори за јавни набавки имаат свои специфики и потребно е да се внимава на законски пропишаната процедура пред нивното отпочнување бидејќи се можни грешки при изработката на тендерската документација и пропусти при отворањето и евалуацијата на понудите.

Во таа насока, учесниците детално се запознаа со клучните сегменти на постапките за доделување на договори за јавни набавки, со столбовите на правната заштита и со најважните новини што ги предвидува новиот Нацрт-закон за јавните набавки. Во однос на законските новини, на обуката се говореше за исклучоците од примена и за новите вредносни прагови за примена на Законот, потоа за воведените нови видови постапки за доделување договори за јавни набавки, за функцијата на динамичниот систем за набавки, за проширувањето на надлежностите на Комисијата и за она што се предвидува како битна повреда на Законот.

На обуката се говореше и за новите рокови за поднесување жалба, за можноста за определување времени мерки, за тоа кога се смета за конечно решението од Комисијата, за воведувањето на парични казни за договорните органи, за уредувањето на правото на судска заштита, како и за предвидувањето можност за надомест на штета.

„Извонредна беше обуката и ја евалуираме на највисоко ниво, како од аспект на темелното предавање така и од аспект на организацијата. Центарот за обуки на Академик е прекрасен и има многу пријатен и инспиративен амбиента за едукација“, се само дел од коментарите на бројните учесници на денешната обука, кои нагласуваат дека знаењата добиени на денешната обука ќе ги применат во практичното работење.

„Обуката беше супер. Предавачката Малахова беше одлична и нејзиното предавање ќе ни користи многу во нашето практично работење, посебно во примената на законските новини за јавните набавки“, Гоце Наќески, Игор Дичоски, Игор Лазаровски, Сашо Штерјоски, Даниел Ставрески и Игор Димитријоски од ЈП „Студенчица“ – Кичево.

„Обуката во организација на Академик за јавните набавки беше одлично организирана и беше посветена на тема која е многу актуелна и за која неминовно е да има дополнителна врвна едукација каква што имаше на денешната обуката. Презентацијата на обуката беше одлична, се говореше за работи за кои се потребни насоки за правилна примена на законските решенија и, секако, корисно е што се споделуваа лични искуства и дилеми кои се наметнуваат во практиката во делот на јавните набавки“, Милена Томиќ, М-НАВ – Македонска навигација.

„На денешната обуката се говореше за многу прашања од областа на јавните набавки. Презадоволни сме од  обуката бидејќи предавањето беше исцрпно, а законските новини беа детално образложени. Исто така, многу сме задоволни и од тоа како беше организирана обуката“, Филип Неделкоски, Телесмарт – Телеком.

„Обуката беше одлично организирана и многу сум задоволен од презентацијата и од избраната тема. Сме биле на многу обуки, но, верувајте, оваа беше далеку подобра од сите нив“, Ангела Алтипармаковска и Деан Стојановски,  Осигурително брокерско друштво СН и Осигурителен брокер АД Битола.

„Одлична обука, организирана во одличен амбиент. Супер беше и предавањето на Малахова која исцрпно говореше за јавните набавки и за новините во законските измени. Понесуваме одлични искуства од денешниот настан“, Фатлинда Јаја, ЈЗУ Здравствен дом – Тетово.

„Корисна беше обуката. Имаше интерактивна дискусија и беа образложени многу практични аспекти на законските решенија и законските новини за јавните набавки“ – Илија Ројковски, Александар Крстески, Санела Никодиноска од Адвокатската канцеларија „Игор Петковски“.

„На обуката се говореше за прашања кои се потребни во нашето практично работење. Образложенијата на предавачката беа детални и многу корисни за нас. Позитивно ја оценувам обуката“ – Елизабета Милошевска, Дигит Експрес ММ ДООЕЛ.