/ Прочитано:

1.389

Академик одржа обука за канцелариското и архивското работење

Академик одржа обука посветена на канцелариското и архивското работење, на која се говореше за сите аспекти на канцелариското и архивското работење од  приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување.

Предавачи на обуката беа Ана Михајловска – управен инспектор во Државниот управен инспекторат и Каролина Стојановска-Богдановска – советник управен инспектор во Државниот управен инспекторат.

„Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во  управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење“, беше истакнато на обуката.

За да се постапува правилно со овие материјали, истакнаа учениците на настанот во организација на Академик, неопходни се вакви обуки, на кои детално ќе се говори за сите значајни компоненти од областа.

„Многу сме задоволни од квалитетот на предавањата и од пристапот на предавачките кон материјата што беше предмет на обуката. Исто така, обуката беше одлично организирана и имаше многу креативна и пријатна атмосфера“, се само дел од коментарите на учениците, кои ја посетија обуката во голем број.

„Обуката беше сеопфатна и конструктивна и понуди одговори на прашањата поставени од учесниците“, истакнува Елизабета Сивова од ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија.

„Обуката беше сеопфатна и сите прашања беа добро објаснети“, нагласува Марина Неделковска од ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково.

„Целта на обуката беше целосно исполнета. Соодветно беа пренесени информациите и комплетно беа одговорени поставените прашања“, вели Рената Близнаковски од ОУЈДГ „7 септември“ – Пехчево.

„Одлична презентација, со објаснувања и примери!“,  потенцира Веселина Златкова од „Зегин“ ДОО.

„На обуката сè беше во најдобар ред“, истакнува Марија Стојанов од „Дрисла“ Скопје ДОО