/ Прочитано:

1.517

Академик одржа обука за канцелариското и архивското работење

Една од основните задачи на секој правен субјект е правилното водење на канцелариското и архивското работење, беше нагласено на обуката во организација на Академик, на која предавач беше Ана Михајловска – управен инспектор во Државниот управен инспекторат.

Пред големиот број учесници, на обуката детално се говореше за најзначајните прашања од областа на канцелариското и архивското работење, со посебен фокус на прописите и процедурите од оваа област.

Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал, беше истакнато на обуката, е клучен сегмент во  управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење.

Во таа насока, на обуката беа презентирани бројни практични примери и вежби, кои предизвикаа интерактивна дискусија и размена на мислења и искуства помеѓу учесниците, кои, пак, коментираа дека обуката е мошне квалитетна, одлично организирана и проследена со корисно предавање.

„Многу сме задоволни од обуката во организација на Академик, на која се едуциравме за  сето  она што треба да го знаеме за канцелариското и архивското работење – од приемот на документацијата, па сè до нејзиното уништување, што всушност беше и наслов на обуката…“

„…предавачката Михајловска беше одлична и нејзиното предавање беше јасно и убаво образложено. Ваквиот вид обуки се мотив плус повторно да бидеме дел од овој извонреден амбиент на просторот во Академик, кој е мошне инспиративен за ваков вид на настани“, коментираат учесниците на обуката.

Славица Стружанчева од Општина Охрид вели дека обуката ја карактеризирале спремност, комплетност и прекрасно и стручно предавање.

За Илија Маринчески од „Пелистерка“ АД предавачката на обуката одлично го пренела своето знаење, а обуката било добро организирана, со што се исполниле нејзините цели.

„Задоволен сум од обуката и пожелно е и понатаму да се одржуваат ваков вид обуки“, вели Ѓорѓија Нелоски од Општина Охрид.

Нада Тодоровска од АД за стопанисување со станбен и деловен простор во државна сопственост нагласува дека обуката била прекрасно организирана, додека пак Јованка Спасовска од „Домус консалтинг“ истакнува дека обуката била едукативна, корисна и мотивациска.

„Почесто треба да има обуки од овој вид за подобра ефикасност во работењето“, вели Гоце Сотировски од Град Скопје.

Магдалена Димитрова од „БДО“ ДОО истакнува дека предавачката на обуката одлично им го пренела своето знаење на учесниците, а Анета Цветановска од Град Скопје вели дека е одлична идејата за организирање на ваков вид обука.

„Задоволна сум од обуката и од обучувачот. Констатирав што треба во иднина да биде коригирано во моето секојдневно работење со новите знаења стекнати од обуката“, вели Лидија Петкоска од Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

„Имам пофални зборови за предавачот на обуката“, нагласува Ивана Димовска од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Анкица Попеска од Општина Вевчани нагласува дека обуката била одлично реализирана, а Виолета Лазаревска од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот додава дека предавачката била добро подготвена.

„Одлична идеја за ваков вид обука, каде што конкретно се запознавме со начинот на работа токму како што предвидел законодавецот. На обуката имаше и размена на искуства во смисла на разлики од тоа како нешто е законски предвидено, а како се спроведува во пракса“, вали Татјана Митровска од Град Скопје.

Според Наташа Петковска од Град Скопје, исто така, одлична била идејата за обуката. Таа порачува дека е потребно почесто да има вакви обуки. Обуката, додаваат Бојан Тасевски од „Петролмак“ и Матеа Куновска од „Авицена“, беше добро спроведена, а  предавањето беше одлично реализирано.

Предавачката на обуката, оценува Сања Богданоска од „Шенкер“ ДООЕЛ, беше одлична и одлично го пренесе своето знаење за канцелариското и архивското работење.