/ Прочитано:

3.062

Академик одржа обука за користењето на Информациониот систем за управување со човечки ресурси

Академик одржа еднодневна обука на тема „Детална практична симулација на користењето на Информациониот систем за управување со човечки ресурси“, на која предавач беше Лаура Идризи од Министерството за информатичко општество и администрација.

Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) има цел да ја унапреди ефикасноста во управувањето со човечките ресурси, а со тоа и квалитетот на работата на институциите во јавниот сектор.

Внесувањето на податоците во системот и нивното тековно и навремено ажурирање е законска обврска на секоја институција од јавниот сектор и претставува предуслов за исплата на плати.

За правилно користење на Информациониот систем за управување со човечки ресурси и за успешно функционирање, неопходно е да се добие и соодветна обука, како и едукација.

На обуката во организација на Академик добивме одговор на сите прашања во врска со користењето на системот,  разменивме мислења со колегите, но ни беа дадени и сугестии, совети и предлози за решавање на дилемите со кои се соочуваме при користењето на Информациониот систем за управување со човечки ресурси во секојдневното работење“, коментираат учесниците на обуката, нагласувајќи дека можеле да слушнат многу квалитетно предавање.

Владимир Гроздановски од Државна кардиохирургија истакнува дека предавачката Идризи одлично го пренела своето знаење на обуката и дека била одлично подготвена.

Стево Панев од Медицинскиот факултет при УКИМ вели дека организацијата на обуката била одлична, исто како и предавањето за Информациониот систем за управување со човечки ресурси.

Пофални зборови за обуката упатува и Марија Јолевска од НУ Завод и Музеј Битола, според која обуката ги исполнила целите и очекувањата и била квалитетна, како од аспект на предавањето така и од аспект на организацијата.

Арљинда Буши-Мамути од Основниот суд Скопје 2 Скопје вели дека и во иднина како институција очекуваат да бидат повикани и информирани за понатамошните обуки во организација на Академик.