/ Прочитано:

1.095

Академик одржа обука за најактуелните теми од областа на административните службеници и вработените во јавниот сектор

Академик одржа обука на тема „Системот за управување со ефектот на административните службеници, пополнување на работните места и инспекциски надзор над спроведувањето на Законот за вработените во јавниот сектор и над постапката за оценување на административните службеници“.

Предавачи на обуката беа Билјана Николовска-Жагар, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација и Ана Михајловска, управен инспектор во Државниот управен инспекторат, за кои учесниците истакнаа дека имале извонредни предавања.

Предавачките детално се осврнаа на прашањата за пополнувањето на работните места на административните службеници, за системот за управување со ефектот на административните службеници и за надзорот над спроведувањето на постапката за оценување на административните службеници.

„На обуката се говореше за најактуелните теми од областа на административните службеници и вработените во јавниот сектор. Предавачките се потрудија да дадат одговор на сите прашања со кои се соочуваме во практиката. Имаше корисна дискусија за темите на обуката, а се презентираа и бројни примери од практиката кои исто така ќе послужат за правилна примена на прописите“, коментираат учесниците на обуката.

„Обуката е добро организирана. Добро би било да се организира обука и за давателите на услуги“, вели Стефанка Петковска од ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија – Скопје.

„И двете предавачки беа многу добри во излагањето на конкретните теми и дадоа одговори што многу ќе ми користат во текот на мојата работа“, вели Гордана Манева од ООУ „Димката Ангелов–Габерот“.

„Предавачите беа концизни и конкретни во образложувањата“, вели Блага Шикова од ОМБУ „Лазо Мицев–Рале“.

Даниел Јанчев од Агенција за пошти истакнува дека предавачките биле одлично подготвени, додека пак, Весна Перијоска од ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија – Скопје нагласува дека организацијата на обуката била извонредна. Соња Јоксимовиќ – Кораќ од ЈП Македонска радио-телевизија вели дека целта на обуката била исполнета во секој поглед.