/ Прочитано:

1.112

Академик одржа обука за најактуелните теми од областа на катастарот и градежното земјиште

Академик одржа обука за најактуелните теми од областа на катастарот, градежното земјиште и правата врз инфраструктурни објекти.

Предавачи на обуката беа Борис Тунџев – директор на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и државни советници од Агенцијата, кои детално се осврнаа на предложените измени на Законот за катастар на недвижности во врска со уредувањето на градежното земјиште, запишувањето права врз инфраструктурни објекти, како и во врска со прашањето за е-кат шалтер.

Обуката во организација на Академик, која предизвика голем интерес, беше реализирана со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат физичките и правните лица од сите сфери, како и за навремена подготовка на субјектите за примена на предложените законски решенија.

Во таа насока, на обуката, покрај предавањата за најзначајните прашања  во делот на законските новини за катастарот и во делот на градежното земјиште, беа елаборирани и бројни примери од практиката и специфични случаи.

„Предавањата на обуката беа поткрепени со многу примери од практиката. Предавачите имаа многу корисни презентации и беа многу подготвени да одговорат на прашањата што ги поставуваа учесниците. Се дискутираше за секој проблем, за секоја дилема што постои во практиката. Обуката навистина беше одлична“, коментираат учесниците на обуката.

„Темата на обуката беше одлично презентирана од предавачите и беа дадени одговори на сите прашања поставени од учесниците“, вели Владимир Кутоновски од АД „ЕЛЕМ“.

„Потребни се вакви обуки почесто во интерес на квалитетната работа“, нагласува Марјан Николиќ од Општина Кисела Вода.

Уранела Аврамовска од Општина Аеродром позитивно ја оценува обуката.

„Целта на обуката беше во целост исполнета“, вели Виолета Колоска од Општина Битола.

„И во иднина треба да се одржуваат вакви обуки“, истакнува Гани Фетаи од Општина Желино.

„Целта на обуката беше исполнета, предавачот беше одлично подготвен, а организацијата исто така беше одлична“, вели Александра Каркамишева од Општина Битола.

„Обуката беше советодавна и практична“, нагласува Ефтимчо Петровски од Општина Кавадарци.

„Предавачот беше одлично подготвен и одлично го пренесе своето знаење“, велат Билјана Алчева од „Македонски телеком“ и Владко Мантев од АД „ЕЛЕМ“.

Николче Тасевски од „Македонски телеком“ и Сања Кралевска од „Неотел“ ДОО Скопје истакнуваат дека организацијата на обуката била одлична, како и предавања. Со тоа, нагласуваат тие, целта на обуката беше исполнета.

Обуката од аспект на организацијата и квалитетот на предавањата позитивно ја оценуваат и Катерина Коршул и Анжелика Милошевска од „Адора инженеринг“.