/ Прочитано:

1.538

Академик одржа обука за новините во Законот за работните односи

Академик  одржа еднодневна обука на тема „Закон за работните односи – најнови измени и дополнувања“, на која предавач беше Миле Стојановски – експерт од областа на трудовото право.

На обуката се говореше за начелата и основните решенија на Законот за измени и дополнувања на Законот за работните односи, потоа за измените и за дополнувањата во поглед на откажувањето на договорот за вработување, како и за импликациите од измените врз другите права од работен однос.

Учесниците на обуката коментираат дека на едукативниот настан се стекнале со знаења за најдобра практична примена на новините во Законот за работните односи. На обуката, истакнуваат учесниците, покрај што пренесовме и конкретни примери од нашето практично работење, разменивме и искуства во врска со правилната примена на законските решенија од областа на трудовото право.

„Прекрасно предавање со искусен предавач и со оптимален број на учесници, така што можеше слободно да се поставуваат прашања. Амбиентот е фантастичен. Секоја чест“, велат Елена Ивановиќ и Викторија Ангелова-Трајковска од „Апекс казина“.

Диме Витанов и Драгица Јованова-Милева од ТЕЦ „Неготино“ истакнуваат дека предавачот бил одлично подготвен и дека одлично го пренел своето знаење.

Ивана Сазданоска  од Фондот за иновации и технолошки развој и Дина Кировска-Трајкова од Меѓународни училишта „Нова“ нагласуваат дека покрај одличното предавање, одлична била и организацијата на обуката. Пофални зборови за организацијата на обуката и за предавањето упати и Сајда Мујовиќ од Општина Долнени.