/ Прочитано:

2.048

Академик одржа обука за новиот Закон за градежно земјиште

Во организација на Академик денеска се одржа обука за мошне актуелната тема во врска со новиот Закон за градежно земјиште.

akademik foto 1

На обуката, која се одржа во најсовремениот тренинг-центар за обука на Академик, се говореше за начинот и за постапката за отуѓување на градежното земјиште, потоа како може да се даде градежното земјиште под долготраен и под краткотраен закуп и како може да се пренесе правото на сопственост.

Новиот начин на водење на постапките по пат на јавно наддавање и непосредна спогодба, исто така, беше предмет на елаборација на обуката, на која воедно детално беше разјаснет и начинот на функционирање на електронската постапка, од поднесувањето на пријава/барање до запишување во јавната книга за запишување на недвижностите.

Исто така, на обуката стана збор и за разликите меѓу новиот и стариот Закон за градежно земјиште. За сите овие теми на денешната обука говореше Анета Јорданова, раководител на Секторот за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски, реномиран експерт од оваа област и член на работната група што го подготвуваше новиот Закон за градежно земјиште.

akademik foto 1

Во врска со новините во Законот за градежно земјиште, Јорданова вели дека најсуштинска измена споредбено со стариот Закон за градежно земјиште е тоа што со овој Закон за градежно земјиште во целост е предвидено постапките да се водат на електронски начин, и тоа од поднесување на барањето до вршење на солемнизација кај надлежен нотар, односно до спроведување во катастарот на недвижностите.

Целата постапка се спроведува преку информацискиот систем за градежно земјиште www.gradezno-zemjiste.mk, преку кој се поврзани сите надлежни органи кои треба да учествуваат во одредена фаза во постапката. Исто така, секој којшто треба да постапува преку информацискиот систем или да поднесе барање во согласност со правните основи предвидени со Законот за градежно земјиште, потребно е да поседува валиден дигитален сертификат.

За правата на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, Јорданова истакна дека градежното земјиште во сопственост на Република Македонија може да се отуѓува, да се дава под долготраен и краткотраен закуп, да се заснова право на стварна службеност, да се даде право на трајно користење, како и да се пренесе правото на сопственост на начин и под услови утврдени со Законот за градежно земјиште.

akademik foto 1

Во врска со постапката за отуѓување на земјиштето, како се дава под долготраен и краткотраен закуп, и како се дава на трајно користење, Јорданова на денешната обука нагласи дека секој што има правна основа да поднесе барање за отуѓување, за давање под закуп, за засновање на стварна службеност, за давање право на трајно користење и за пренесување на правото на сопственост, односно секој кој исполнува некој од условите предвидени со Законот го поднесува барањето со комплетната документација која е законски утврдена преку информацискиот систем за градежно земјиште.

„Како голема предност во електронското водење на постапките е тоа што заинтересираните лица нема потреба да доаѓаат во просториите на надлежните органи, односно за текот на предметот можат да се информираат преку информацискиот систем за градежно земјиште, преку корисничкиот профил од кој го поднеле барањето и од каде што во секое време можат да го следат текот на постапката и во која фаза се наоѓа“, истакна Анета Јорданова.

akademik foto 1

„Градежното земјиште сопственост на Република Македонија наменето за изградба на објекти предвидени со проекти или програма за работа на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија им се пренесува во сопственост. Оваа постапка за првпат е предвидена во новиот Закон за градежно земјиште и таа, како и другите постапки, се отпочнува со поднесено барање преку информацискиот систем за градежно земјиште, со тоа што по утврдување дека поднесеното барање е комплетно, надлежниот орган доставува предлог-одлука до Владата на Република Македонија за пренесување на право на сопственост, а потоа доколку се утврди дека се исполнети сите законски основи, Владата на Република Македонија донесува одлука со која се пренесува правото на сопственост“, подвлече предавачката за начинот на пренесување на правото на сопственост.

Јас сум многу задоволен од денешната обука што ја организираше Академик затоа што се разјаснија неколку спорни прашања кои ќе помогнат за правилно решавање на предметите во пракса во оваа област“, изјави Димитар Костовски, помлад консултант во Друштвото за правен консалтинг ИМАГО-ЕНА ДООЕЛ Скопје.

„Обуката беше одлично организирана. Ги добивме сите дополнителни информации кои се однесуваат на Законот за градежно земјиште. За некои од измените знаевме, но за поголемиот дел денеска добивме одговори од одличната презентација“, истакна Булим Бајрами, претставник на Општина Гостивар.

„На денешната обука ни беа разјаснети серија дилеми околу спроведувањето на постапката за поднесување електронски барања по пат на јавно наддавање, потоа дилемите кои се однесуваат на начинот на отуѓување на градежно земјиште и други прашања поврзани со Законот за градежно земјиште. Искуствата од денешната обука ќе ни користат во нашето секојдневно работење“, нагласи Михајло Илиевски од Општина Битола.

„На денешната обука во целост беа исполнети нашите очекувања. Детално беше презентирана проблематиката за која се говореше и особено сме задоволни од Анета Јорданова, предавачот на обуката, која детално и јасно ги објасни сите постапки, конкретно постапката за отуѓување на градежно земјиште преку новиот електронски систем што се спроведува од 1 август“, потенцираше Сашо Мојсовски, од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

„Редовно посетувам обуки од ова сфера бидејќи тоа е моја специјалност. Многу сум задоволна од обуката што денеска ја организираше Академик и од предавањето на Анета. Нејзината презентација придонесе во голема мера да ни се разјаснат одредени проблеми со кои се среќаваме во нашата дејност. Целта е исполнета“, нагласи  Соња Миленкова, раководител на Одделението за имот и имотно-правни работи од Општина Битола.

„Ова беше одлична и интерактивна обука која ги исполни во целост нашите очекувања. За сè што нè интересираше добивме јасни и прецизни одговори и се надеваме и на следна ваква корисна обука што ќе ја организира Академик“, вели Един Муковиќ од Агенција за вработување на РМ.

„Денешната обука што ја организираше Академик беше навистина многу корисна. Интерактивниот начин на одржување на обуките е навистина супер. Сè што ни беше нејасно околу постапките Анета го разјасни во текот на предавањето“, вели Изабела Аговска од Општина Битола.