/ Прочитано:

1.737

Академик одржа обука за новите ЕУ-правила за заштита на личните податоци

Академик одржа обука за новите ЕУ-правила за заштита на личните податоци. Академик ја организираше оваа обука поради големиот интерес, а во насока на обезбедување навремена стручна подготовка на субјектите за правилна примена на новиот Закон за заштита на личните податоци.

Преку новиот реформски процес на македонското законодавство во областа на заштитата на личните податоци ќе се имплементираат решенијата содржани во Општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија (ЕУ) 2016/679, која е донесена на 27 април 2016 година, а ќе започне да се применува од 25 мај 2018 година.

Во таа насока, на обуката се говореше за новините предвидени со Општата регулатива на Европскиот парламент и Советот на ЕУ; за примената на Законот во материјална и територијална смисла, за значењето на поимите кои се предмет на новата регулатива, за начелата за заштита на личните податоци и нивното значење, како и за прекршочните одредби во случај на повреда на Законот.

На обуката подетално стана збор и за обработката на личните податоци и за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Предавач на обуката беше Игор Кузевски, генерален секретар во Дирекцијата за заштита на личните податоци, автор на книгата „Прирачник за заштита на личните податоци – практичен водич“, во издание на Академик.

Учесниците на обуката велат дека присуствувале на исклучително квалитетен едукативен настан посветен на потребата од  навремено и целосно усогласување на законодавството на Република Македонија во областа на заштитата на личните податоци со правото на Европската Унија.

„Задоволна сум од обуката. Имаше мошне корисно и јасно предавање на кое се кажаа голем број информации за новата регулатива за заштитата на личните податоци“ – Марија Јолевска, НУ Завод и Музеј Битола.

„Одлична беше обуката. Посебно сме задоволни од изборот на темата и од предавачот кој убаво ги образложи новините за заштита на личните податоци“ – Дијана Рајчиноска и Оливера Аневска, „Сокотаб“ – Битола.

„Супер реализирана обука. Најкорисни беа практичните појаснувања и како во конкретна ситуација би се примениле новините од регулативата за заштитата на личните податоци, која е важна тема и во рамките на Европската Унија“ – Весна Паункоска, „Триглав осигурување“.

„Прекрасна обука, одлична организација и многу актуелна тема – се моите впечатоци за обуката, која беше и многу интерактивна и со многу дискусија во однос на сите прашања што произлегуваат од законските новини за заштитата на личните податоци. Се разбира, и предавачот беше одличен“ – Диана Миленковска, „ГФК“ Скопје.

„Обуката беше многу корисна и задоволни сме од начинот на кој беше образложена темата“ – Мирјана Ангеловска, Адвокатско друштво Јоанидис.

„Прашањето за заштитата на личните податоци е актуелна тема за која треба соодветна и навремена подготовка, особено во поглед на новата регулатива. Во таа смисла, обуката беше на нивото на задачата“ – Сања Карчева, „Бетон“ Штип.

„Предавачот на обуката имаше добро подготвено предавање и ни образложи многу практични примери. Се запознавме со новините за личните податоци кои ќе треба да ги примениме во практиката“ – Богица Милковска, „Секјуриком мултисервис интернационал“.

„Супер беше обуката. Задоволни сме и од организацијата и од предавачот Игор Кузевски, чие предавање предизвика голем интерес и дискусија“ – Јана Стојкова, „Дрога Колинска“.

„Задоволни сме од обуката и од изборот на темата и посебно што се однесува на важен сегмент од европското законодавството“ – Силвана Цаноска, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид и Ранко Крстески, Општина Охрид.