/ Прочитано:

1.568

Академик одржа обука за подготовката на тендерската документација и дефинирањето на техничката спецификација

Академик одржа обука за постапката за јавна набавка од аспект на подготовка на тендерската документација и дефинирање на техничката спецификација.

Предавач на обуката беше Маја Малахова, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки, која, покрај за прашањето за постапката за јавна набавка од аспект на тендерската документација, детално се осврна и на  важноста на техничката спецификација и на она на што треба да внимаваат договорните органи при евалуација на исполнетоста на условите од техничката спецификација.

На обуката присуствуваа голем број учесници, како: претставници од договорни органи и економски оператори, лица на управувачки и раководни позиции, членови на комисии за јавни набавки, одговорни лица и вработени во организационата единица за јавни набавки.

Учесниците нагласуваат дека обуката била мошне корисна, а предавачката и самата организација на обуката биле одлични. Тие истакнуваат дека за нив од огромно значење биле појаснувањата за подготовката на тендерската документација низ практичното работење бидејќи правилно изградената тендерска документација, со соодветна и прецизно определена техничка спецификација, е основа за навремено завршена и за успешно спроведена постапка за јавна набавка.

Размената на искуства и корисните дискусии, потенцираат учесниците, на оваа обука ѝ дадоа многу голем квалитет, што всушност е и главна одлика на обуките во организација на Академик.

„Многу корисна обука“, вели Маја Стефковска-Панева од Министерството за правда.

„Од обуката добиена е појасна слика околу подготовката на тендерската документација при јавна набавка. На обуката беа приложени соодветни примери од реалната практика“, вели Илија Најдоски.

„Добра интерпретација на проблематиката околу примената на регулативата за јавните набавки“, вели Љупчо Стефковски од РЕК Битола.

„Многу добро излагање во однос на дадената тема, но и пошироко во однос на Законот за јавните набавки“, истакнува Блага Ѓоргоска од РЕК Битола.

„Обуката ги исполни очекувањата“, вели Александар Каровски од ООУ „Стив Наумов“.

„Конкретна, јасна и практична обука, на која се преноса искуства од секојдневното работење со тендерската документација, со истовремено разјаснување на некои дилеми и нејаснотии“, нагласува Силвана Пашовска од Научниот институт за тутун – Прилеп.

„Целта на обуката беше исполнета“, истакнуваат адвокатката Билјана Андонова, Горге Клаков од Општина Струмица и Тоде Николовски од ООУ „Методи Митевски–Брицо“.

„Предавачката беше одлично подготвена, а одлична беше и организацијата на обуката“, коментираат   Гордица Уста-Петрова од Општина Струмица, Александра Петковска-Анастасов од ООУ „Крум Тошев“,  Андријана Тодоровска од АД „Водостопанство на РМ“ и  Даниел Ставрески од ЈП „Студенчица“ – Кичево.