/ Прочитано:

1.028

Академик одржа обука за практичната примена на новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Поради големиот интерес, Академик одржа уште една обука посветена на новините во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Преку одличното предавање на Ивица Симоновски, финансиски разузнавач во Управата за финансиско разузнавање, учесниците на обуката се запознаа со правилната практична примена на новото законско решение.

Пред големиот број учесници, на обуката се елаборираа бројните мерки, дејствија и постапки што мора да бидат преземени од субјектите и од надлежните органи, а кои произлегуваат од новата регулатива за спречување перење пари.

Преку интерактивна дискусија предавачот одговори на сите прашања на учесниците и ги разјасни нивните дилеми во врска со примената на законските одредби, а кои се однесуваат како на субјектите од јавниот така и на субјектите од приватниот и деловен сектор.

Пофалби за успешно реализираната обука упатуваат Маја Глигорова и Ирена Станковска од „Експанда“ и Елена Адамова од Друштвото за ревизија „Аудит“ Македонија.

Предавачот беше одлично подготвен и одлично го пренесе своето знаење, нагласуваат Марин Миленковски од „Стопанска банка“ АД и Јордан Јованов од Адвокатското друштво „Бранко Кузмановски“.

„Целта на обуката беше целосно исполнета. Обуката беше добро направена, а предавањето беше навистина одлично пренесено од предавачот“, истакнува Никола Велковски од „Силк роуд банка“.

„Се надеваме дека во дело ќе се спроведе Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам“, вели Чемајл Бафтии од Македонски пошти АД.

„Предавањето беше одлично и предавачот беше многу спремен“, истакнува Виктор Донески од КБ „Публикум“.