/ Прочитано:

1.567

Академик одржа обука за практичната примена на Законот за градење

„Постапка за добивање одобрение за градење, права и обврски на учесниците во изградбата на објектите, соинвеститорство, причини за прекин на изградбата, правни ризици и последици од прекинот“ беше темата на обуката во организација на Академик. Учесниците што ја посетија обуката споделија позитивни впечатоци од неа, нагласувајќи дека била мошне корисна, интерактивна и со одлично предавање.

„Предавањето на државниот советник за управно-надзорни работи при Министерството за транспорт и врски, Мартин Оџаклиески, беше јасно и многу корисно за нашето практично работење. Организацијата на обуката, исто така, беше одлична.  Се дискутираше за многу отворени прашања кои произлегуваат од реални ситуации од практиката“, коментираат учесниците на обуката, кои дојдоа во голем број.

На обуката, додаваат тие, беа разгледани најважните аспекти од регулативата за градење, а фокусот беше ставен и на објективните проблеми од практиката во постапките при градење.

На обуката се поставија многу прашања за кои се разви интерактивна дискусија. Исто така, беа анализирани и примери од практиката.

„Имаше детално излагање од страна на предавачот за сите прашања што произлегуваат од темата. Задоволна сум од обуката. Предавачот имаше добра презентација за примената на Законот за градење“ – вели Сузана Ѓоргиева од Општина Радовиш.

„Би сакал и во иднина повторно да има обука за Законот за градење, посебно во делот на овластувањата и надлежноста на градежната инспекција“, вели Боби Станишковски од Општина Гази Баба.

„Успешно одржана обука. Од обуката дознав информации кои ми се потребни во секојдневното работење“, вели Ениса Реџепагиќ од ЈП Водовод и канализација.

„Обуката беше професионално спроведена, со презентирање на законската рамка за градење, но и со други релевантни прописи и други подзаконски акти. Обучувачот пренесе знаење за практична примена на регулативата“, вели Катерина Шојиќ од Здружението „Национален ромски центар“.

Илија Кепевски од „АЕК“ вели дека обуката поминала во најдобар ред, а Зоран Ѓоргиев од Општина Конче истакнува дека организацијата на обуката била одлична.

Добрила Стоименова од Општина Радовиш и Камелија Стојанова од Општина Зелениково велат дека предавачот бил добро подготвен и дека одлично го пренел своето знаење, со што се исполнила и целта на обуката.