/ Прочитано:

1.694

Академик одржа обука за примената на Законот за општата управна постапка

Академик одржа обука за примената на Законот за општата управна постапка во решавањето на управните работи и остварувањето на правата на странките во постапката.

Предавачи на обуката беа Ана Михајловска и Елена Кареска, управни инспектори во Државниот управен инспекторат.

На обуката учествуваа голем број претставници од органи на државната управа, организации установи, правни и физички лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и претставници од единиците на локалната самоуправа.

Законот за општата управна постапка уредува обемна и комплексна материја, која при практичното применување отвора бројни прашања и дилеми.

Учесниците на обуката нагласуваат дека сите овие дилеми со кои се соочуваат низ практиката биле одлично разјаснети на обуката во организација на Академик посветена на ЗОУП.

„Обуката беше корисна и многу сум задоволен од нејзината реализација. На обуката се запознав со многу работи од ЗОУП и неговата примена“, вели Игор Петровски од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

„Одлично беше, речиси перфектно“, истакнува Петар Луковски од Град Скопје.

„Солидно спроведена обука, на која се дадоа одговори на различни прашања од различни области. На обуката се пренесоа и многу релевантни искуства“, нагласува Јасмина Мамучевска од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

„Одлична обука, со многу спремни предавачи“, вели Даниела Михајловска-Радоњанин од Град Скопје.

Александар Мојсов од Агенцијата за цивилно воздухопловство истакнува дека на обуката имало учесници од различни институции, додека пак Александра Чивлачки од Општина Бутел и Маја Георгиевска Општина Гази Баба велат дека обуката ги исполнила целите за кои била организирана.

„Организацијата на обуката беше одлична“, велат Боби Станишковски од Општина Гази Баба, Нуредин Нуредини и Александра Зотевска од Град Скопје.

Ана Стојковска од Град Скопје и Висар Села од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот додаваат дека предавачките биле одлично подготвени и добро го пренеле своето знаење.