/ Прочитано:

2.316

Академик организира нов циклус практични обуки за студенти

Со цел да се надгради академското знаење на студентите по право, како и за подобрување на нивните практични вештини, Академик, втора година по ред, организира практични обуки за студенти посветени на пишувањето правни поднесоци.

 Со надградувањето на академското знаење и со подобрувањето на практичните вештини, студентите ќе ја зголемат својата компетитивност, со што ќе добијат подобро профилирање во правничката професија, а со тоа и подобра почетна позиција на пазарот на трудот.

Практичните обуки за студенти ќе се одржат во најсовремениот едукативен и тренинг центар на Академик. Првата обука ќе се одржи на 27 ноември (понеделник) и таа е посветена на формата, содржината и начинот на подготовка на тужба. На втората обука, која ќе се одржи на 29 ноември (среда), ќе се говори за пишувањето правни поднесоци во поглед на подготовката и видовите жалби.

За формата, содржината и начинот на подготовка на тужба ќе се говори и на третата обука која ќе се одржи на 11 декември (понеделник), а за подготовката и видовите жалби ќе се говори на четвртата обука која ќе се одржи на 13 декември (среда). На сите обуки ќе бидат реализирани и практични вежби за пишување тужба.

Предавач на обуките ќе биде судијата Антоанета Димовска, која во Основниот суд Скопје 2 работи на граѓанските парнични предмети, а како истакнат судија и правник била предавач на бројни обуки и едукативни настани посветени на судската практика и примената на законите од областа на правосудството.

Деталите за практичните обуки за студенти може да ги погледнете и на следниов линк, а за пријавување на учество и повеќе информации на: practicum@akademik.com.mk или на 02/3232-821.