/Прочитано:

497

Академик организира обука за инспекцискиот надзор врз работните односи и врз безбедноста и здравјето при работа

Инспекциски надзор врз работните односи и врз безбедноста и здравјето при работа со осврт на жалбената постапка против решенијата на инспекциските органи е темата на обуката која во организација на Академик ќе се одржи на 26 февруари 2018 година.

На обуката ќе се говори за водењето ефикасна постапка пред инспекциските органи, за овластувањата на инспекциските органи и нивните одлуки, за постапката по жалба, за типичните правни ситуации, како да ги избегнете најголемите заблуди и грешки во иницијативите пред органите за инспекциски надзор врз работните односи и врз безбедноста и здравјето при работа.

Исто така, на обуката ќе се говори и за клучните сегменти во постапувањето при вршењето на инспекцискиот надзор и учеството во второстепената постапка против решенијата на инспекциските органи од  врвни и докажани експерти во областа.

Предавачи на обуката ќе бидат Александар Софронијоски, претседател на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка; Злате Стојановски, в. д. раководител на Секторот за инспекциски надзор од областа на работните односи во Државниот инспекторат за труд и Слаѓана Андоновска, раководител на Секторот за инспекциски надзор од областа на безбедноста и здравјето при работа во Државниот инспекторат за труд.

Агенда:

Инспекциски надзор врз работните односи и врз безбедноста и здравјето при работа – специфики, постапка, најчести ситуации и грешки:

а)    Постапката според Законот за работните односи:

  • поведување постапка за инспекциски надзор, кој и како иницира постапки, постапки во итни ситуации;
  • најчести грешки во постапката;
  • во кои случаи предметите од работните односи се решаваат во судска, – а во кои случаи во управна постапка;
  • обезбедување на доказите, одземање на документацијата, утврдување на фактичката состојба;
  • одлуки на инспекцискиот орган по спроведениот надзор на работните односи.

б)    Постапката според Законот за безбедност и здравје при работа:

  • специфики на инспекциската постапка, постапување во итни ситуации, привремено затворање градилиште или работна просторија;
  • вршење на надзорот во специфични околности, уредност на документацијата;
  • преглед на заштитните средства;
  • специфики на прекршочната постапка според Законот за безбедност и здравје при работа;
  • одлуки на инспекцијата по спроведен надзор.

Постапка по жалба по првостепените решенија на инспекцискиот надзор:

  • законска регулатива, надлежности, организациска поставеност и структура и начин на постапување и одлучување на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка;
  • иницијатива за постапување, најчести грешки во жалбената постапка, како до основана и солидна жалба во постапката;
  • рокови за постапување и специфики на постапката;
  • видови одлуки на Комисијата во жалбената постапка, насоки за постапување кон првостепениот орган;
  • практични примери и искуства во постапувањето во постапката;
  • утврдување на материјални факти во второстепена постапка;
  • постапување во втор степен против решенија за прекршоци, како до правично одмерување на казна;
  • посебен осврт на изборот на соодветни казнени мерки во работните односи и безбедноста и здравјето при работа.

Прашања, одговори и дискусија

На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуките за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст. Плаќањето се врши врз основа на фактура.

Обуката ќе се одржува во новоотворениот  Центар за обуки на Академик кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр.1. 

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуките преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.