/ Прочитано:

2.185

Академик организира обука за клучните концепти на управувањето со системите за безбедност и здравје при работа

Клучни концепти на управувањето со системите за безбедност и здравје при работа е темата на обуката која, во организација на Академик, ќе се одржи на 25.4.2018 година (вторник), од 10:00 до 15:00 часот, во новоотворениот Центар за обуки Академик, кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр. 1.

Предавачи на обуката ќе бидат Слаѓана Андоновска, раководител на Секторот за инспекциски надзор од областа на безбедноста и здравјето при работа во Државниот инспекторат за труд, и  Борче Стојчевски, стручно лице за безбедност при работа.

Безбедноста и здравјето при работа се уставна категорија на која има право секој вработен, и тие се регулирани во повеќе законски и подзаконски акти.  Со цел да даде авторитетни и практични одговори и да понуди специјализирана платформа на стручно знаење,  Академик организира еднодневна обука на која ќе бидат обработени клучните сегменти и концепти на системите за БЗР, со осврт на спецификите на системите во посебни дејности и работни средини.

Како да ги препознаете опасностите и ризиците на работните места, кои превентивни мерки треба да ги преземете, кои се минималните барања за безбедност што треба да бидат исполнети, која мерка е пропишана како препорака, а која како обврска, зошто е потребно воспоставување на систем на БЗР во администрацијата се само дел од прашањата што ќе бидат одговорени на обуката на Академик.

Агенда на обуката

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРАВИЛА И ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ ПРИ УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА

  • Клучни концепти за безбедност и здравје при работа (БЗР);
  • Превенцијата како најзначаен сегмент од управувањето со БЗР;
  • Кои се минималните барања за знаци за БЗР;
  • Како да водите евиденција во областа на БЗР;
  • Различна заштитна опрема при различни ризици, избор на заштитна опрема во согласност со степенот на штетност;
  • Што во случај на настанување штета поради неквалитетна заштитна опрема, а не како последица на непочитување на прописите од страна на работодавачот;
  • Постапување во случаи кога не постои начин за изведба на решение за обезбедување на некое од минималните барања за БЗР на работниот простор;
  • Што во случај кога е предизвикана опасност и кога е причинета штета поради постапување, односно непостапување од страна на работникот.

ИЗЈАВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ПРОЦЕНА НА РИЗИК НА СЕКОЕ РАБОТНО МЕСТО

  • Изготвување на изјава за безбедност;
  • Што опфаќа процената на ризик на работно место;
  • Кои податоци се потребни за процена на ризик;
  • Како да ги препознаете и да ги утврдите можните видови на опасности и штети на работното место;
  • Определување и примена на мерки за намалување, отстранување и спречување на ризик;
  • Степени на штетност на различните фактори во работната околина;
  • Трајност на процената и кога повторно треба да биде направена процена;
  • Практични примери на специфични ситуации и работни места.

СПЕЦИФИКИ НА СИСТЕМИТЕ ЗА БЗР ВО РАЗЛИЧНИ ДЕЈНОСТИ

  • Права и обврски на претставникот на вработените за БЗР во администрацијата;
  • Какви сè опасности и ризици по БЗР постојат при работа во администрација;
  • Посебни заштитни мерки и обврски за БЗР во градежниот сектор;
  • Специфики на БЗР во областа на медицината и здравството;
  • Задолжителни механизми за БЗР во дејностите на транспорт и шпедиција;
  • Опсег на управувањето со БЗР во производствените погони и индустрии.
  • На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

    Цената за учество на обуките за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст. За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

    Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуките преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.

    >>>Обуки во организација на Академик за месец април