/ Прочитано:

1.123

Академик организира практични обуки за студенти од областа на работните односи

Академик продолжува со практичните обуки за студенти. Овој циклус ќе се фокусира на обуки од областа на трудовото право, со акцент на договорите за работа. Предавач на обуката ќе биде адвокат Јане Илијески.

На 17 декември ќе се одржи обука за формата и содржината на договорот за вработување, посебно за:

  • Поим и карактеристики на работниот однос;
  • Прописи кои се применуваат на работниот однос;
  • Договор за вработување:
  • Форма на договорот за вработување и задолжителни елементи;
  • Последици од непочитување на обврските за формата и содржината на договорот;
  • Факултативни елементи на договорот за вработување;
  • Најчести спорови што произлегуваат од работен однос.

ПРАКТИЧЕН ДЕЛ: Составување на договор за вработување

На 18 декември ќе се одржи обука за видовите договори за вработување, договор за вработување наспроти други договори за ангажирање лица, посебно за:

  • Договор за вработување на определено и на неопределено време;
  • Договор за вработување со полно и со скратено работно време;
  • Договор за сезонска работа;
  • Договор за волонтерски стаж;
  • Договор за приправнички стаж;
  • Договор за дело;
  • Менаџерски договор.

ПРАКТИЧЕН ДЕЛ: Изработка на соодветен договор според дадени конкретни случаи

Пријавување учество и повеќе информации на: practicum@akademik.com.mk или на 02/3232-821