/ Прочитано:

1.062

Академик организира практични обуки за студенти, со фокус на кривичното и граѓанското право

Академик повторно организира практични обуки за студентите по право со цел да им овозможи надградување на академското знаење.

Фокусот на обуките ќе биде ставен на кривичното и на граѓанското право.

На обуките по кривично право предавач ќе биде судијката Васка Масевска, додека пак на обуките по граѓанско право судијката Антоанета Димовска.

ОБУКИ ПО КРИВИЧНО ПРАВО

9 април – Претходна постапка (фази и елементи)

  • елементи на предистражната и истражната постапка;
  • наредба за спроведување истрага;
  • записник од сослушување сведок;
  • обвинение (обвинителен предлог и обвинителен акт) и
  • практична вежба за изготвување обвинителен акт.

16 април – Главна расправа и пресуда

  • симулација на главна расправа;
  • видови пресуди и
  • практична вежба за пишување пресуда.

ОБУКИ ПО ГРАЃАНСКО ПРАВО

11 април – Пишување правни поднесоци

  • форма на тужбата;
  • содржина на тужбата;
  • начин на подготовка на тужбата и
  • практична вежба за пишување тужба.

15 април – Пишување правни поднесоци

  • подготовка на жалба;
  • видови жалби и
  • практична вежба за пишување жалба.

Деталите за обуките може да се добијат на е-адресата stojkovska@htca.mk или на 02/3122-308 или да се погледнат на линкот кој се однесува на обуките за кривично право и на линкот кој се однесува на обуките по граѓанско право.