/ Прочитано:

1.425

Академик заокружи уште една од серијата обуки посветени на јавните набавки

Поради големиот интерес и целосно пополнување на бројот на учесници, Академик одржа уште една обука посветена на новиот Закон за јавните набавки.

Предавач беше Кирил Каранфилов, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки и долгогодишен експерт од областа на јавните набавки.

На обуката се елаборираа прашањата во врска со тоа што предвидува Законот; какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката; кои се најзначајните новини со кои се означува реформата во системот за јавни набавки и кој е критериумот за избор на најповолна понуда.

Исто така, на обуката се дадоа бројни практични примери, за кои учесниците на настанот во организација на Академик потенцираат дека ќе им бидат од голема корист за навремена и успешна подготовка за примена на законските новини.

„Кога се донесува ваков комплексен закон, едукацијата за него е неопходна и неминовна. Предноста на обуките во организација на Академик е тоа што едукацијата не се обезбедува само преку презентирање на конкретните законски решенија, туку се разгледуваат сите аспекти од практичното работење. На обуката имаше можност да се разменат искуства и мислења, но и да се дадат совети и насоки за правилна примена на законските решенија“, коментираат учесниците на обуката. На нивно барање и поради големиот интерес за темата, Академик ќе одржи уште една обука за новиот Закон за јавните набавки.

Кристина Цветковска, која доаѓа од секторот продажба, вели дека обуката била одлично спроведена. Таа нагласува дека начинот на кој биле презентирани законските новини бил одличен исто како што била одлична и самата организација на настанот.

„Организацијата на обуката беше супер. Предавачот на обуката беше супер. Тој даде одговори на прашања за сите реални проблеми од практиката со кои се соочуваме како професионалци. Треба да се нагласи и дека за Законот за јавните набавки потребни се повеќе обуки и едукација бидејќи навистина се работи за мошне сложена материја. Сигурна сум дека Академик ќе продолжи со реализацијата на вакви прекрасни настани, кои не се од корист само за нас, туку се и од општа корист бидејќи правилната примена на Законот е и јавен интерес“, образложува Цветковска.

Македонка Илиќ од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш додава дека за Законот за јавните набавки несомнено е потребна дополнителна едукација, со фокус на економските оператори. Сузана Крстевска, пак, нагласува дека целта на обуката во едукативна и организациска смисла ги исполнила очекувањата.

„Констатираме дека организацијата на обуката беше одлична“, потенцираат Горан Глигоровски од „Актон“ ДООЕЛ, Спасија Ефнушева од Општина Радовиш  и Ванчо Трајков, исто така, од Општина Радовиш.

„Предавачот на обуката беше одлично подготвен и одлично го пренесе своето знаење“, резимираат адвокатката Ана Колевска и Катерина Мијалова од „Сава осигурување“.