/ Прочитано:

1.496

Академик започнува со нов циклус практични обуки за студенти, посветени на кривичното и граѓанското право

Академик продолжува да организира практични обуки со цел да им помогне на студентите по право да го надградат академското знаење и да им овозможи да се стекнат со практични вештини, со што ќе имаат подобра почетна позиција на пазарот на трудот.

Практичните обуки за студенти ќе се одржат во месец ноември, во Центарот за обуки на Академик. Обуките се посветени на практични прашања од областа на кривичното и граѓанското право.

Обуки по кривично право

На 12 ноември ќе се одржи првата обука од областа на кривичното право, насловена како „Претходна постапка – фази и елементи”. Обуката го опфаќа следното:

-елементи на предистражната и истражната постапка,
-наредба за спроведување истрага;
-записник од сослушување на сведок;
-обвинение (обвинителен предлог и обвинителен акт) и
– практична вежба за изготвување обвинителен акт.

На 22 ноември ќе се одржи втората обука по кривично право насловена како „Главна расправа и пресуда”. Обуката го опфаќа следното:

– симулација на главната расправа;
-видови пресуди и
– практична вежба за пишување пресуда.

Обуки по граѓанско право

На 13 ноември ќе се одржи првата обука од областа на граѓанското право. Обуката е посветена на пишување на правните поднесоци, и го опфаќа следното:

– форма на тужбата;
– содржина на тужбата;
– начин на подготовка на тужбата и
– практична вежба за пишување тужба.

На 15 ноември ќе се одржи обука, исто така, посветена на  пишување на правните поднесоци, и тоа:

– подготовка на жалба;
– видови жалби и
– практична вежба за пишување жалба.

Деталите за практичните обуки за студенти може да се погледнат на следниот линк. За пријавување учество и за повеќе информации, обратете се на: practicum@akademik.com.mk или на 02/3232-821.