/ Прочитано:

1.719

„Анима мунди“ достави коментари и предлог-измени на Законот за заштита и благосостојба на животните

„Анима мунди“ изготви коментари и предлог-измени на постојниот Закон за заштита и благосостојба на животните и ги достави до надлежните институции. Амандманите се  изработени од нашето здружение и поддржани од 11 македонски здруженија за заштита на животните. Предложените законски решенија, велат од „Анима мунди“ се меѓусебно поврзани, лесно применливи и прават една сеопфатна правна и апликативна целина.

Нашиот фокус во предложените законски измени, образложуваат од „Анима мунди“,  е ставен врз:

  • Регулирањето на одговорното сопствеништво и дефинирање на забранети постапки, затоа што неодговорното чување миленици (неконтролиран расплод/напуштање/немање никаква евиденција) се причинител број 1 за постоење на овој проблем.
  • Јасна, децидна забрана за еутаназија како механизам за справување со бездомната популација затоа што откако знаеме се применува и не донела резултат, го продлабочила проблемот, дала можност на надлежните (општините) наместо трајно решавање, само да симулираат привидно намалување фокусирајќи се на краткорочни ефекти (пр. само за време на траење на сопствениот мандат), а потоа драстично продлабочување на проблемот. Рутинското убивање не само што не го решило проблемот, туку ги изложил/ги изложува граѓаните на опасност. Во овој контекст не само земји како Романија, Бугарија, Унгарија, туку и Македонија е пластичен пример и показател за неуспех кој се должи на континуирана примена на погрешни мерки и стратегии.

Коментарите и предложените законски решенија може да се преземат на следниот линк

Предложен закон сопствениците да ги кастрираат своите кучиња кои се во репродуктивен период

Иницирани законски измени за решавање на проблемот со бездомните кучиња

М.В