/ Прочитано:

1.747

Антикорупциската комисија со прекршочни постапки против декани кои не доставиле анкетни листови

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе прекршочна постапка против 28 декани озатоа што не доставиле анкетни листови. Освен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ДКСК ќе спроведе контроли и на другите универзитети во државата.

Комисијата, исто така, ќе отвори постапка за армиски унапредувања од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Од Кабинетот на Иванов соопштија дека ја охрабруваат Комисијата да постапи по предметите за да нема шпекулации во јавноста.

М.В