/ Прочитано:

3.474

АПЕЛАЦИСКИОТ СУД: Доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ

Доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка, се истакнува во денешното соопштение на Апелацискиот суд.

„Апелацискиот суд Скопје на 4.8.2017 година донесе одлука со која ја уважи жалбата наЈавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопјеи го укина решението донесено од Основниот суд Скопје 1 – Скопје со кое од списите на предметот се издвоени снимените материјали предложени како доказ за предметот поврзан со настаните во Општина Центар.Со оваа одлука доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка“, се вели во соопштението на Апелацискиот суд Скопје.

М.В