/ Прочитано:

1.793

Барање за автентично толкување на одредба од Законот за правосудниот испит за која Владата дава мислење дека е јасна и прецизна

Пратеничката Ивана Туфегџиќ во Собранието на РМ поднесе  барање за автентично толкување на членот  5, став 3 од Законот за правосудниот испит, кој гласи:

„Испит можат да полагаат лица кои се дипломирани правници кои студирале според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) со работа од најмалку една година на правни работи во суд, јавно обвинителство, државен правобранител, народен правобранител, адвокат, нотар и извршител.“

Според пратеничката Туфегџиќ, за оваа одредба потребно е толкување во врска со тоа дали на дипломиран правник со 240 кредити, кој паралелно стажира во некоја од законските институции, му се засметува стажот од една година или прво треба да се стекне со 300 кредити, па потоа да стажира една година за да го исполни условот за полагање.

За Владата на Република Македонија одредбата е јасна и прецизна и нема потреба од автентично толкување. Во досегашната практика на Министерството за правда, посочуваат од Владата во даденото мислење, стажот од најмалку една година на правни работи се смета по стекнување на 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем.

ИЗМЕНИ ВО НАЧИНОТ НА ПОЛАГАЊЕ НА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ: Да се биде правник подразбира и умешност за вербално изразување

М.В