/ Прочитано:

3.459

Барање за автентично толкување на одредби во врска со нотарскиот платен налог и различната практика на нотарите за адвокатскиот печат

Пратеникот Бетиан Китев во Собранието на РМ поднесе барање за автентично толкување на членот 68 став 2 од Законот за нотаријатот барање за автентично толкување на членот 68 став 2 од Законот за нотаријатот. Барањето е на дневен ред на Законодавно-правната комисија.

Некои нотари носат решенија за нотарски платен налог без адвокатски печат

„Имајќи го предвид фактот дека во периодот од 1.1.2017 година, кога започна да се применува Законот за нотаријатот, се отвори дилемата дали при доставувањето на предлози за издавање на решение за нотарски платен налог врз основа на веродостојна исправа, а кои се состојат од повеќе фактури за неплатена сметка за вода, сите одделно на сума помала од 2.000 денари, a вкупна сума на сите фактури збирно во предлогот надминува 2.000 денари, потребен е адвокатски печат. Некои нотари беа на ставот дека предлозите за издавање на решение за нотарски платен налог врз основа на веродостојна исправа мора да содржат адвокатски печат доколку вредноста на сите фактури збирно надминува над 2.000 денари“, се вели барањето за автентично толкување.

Практичната примена на членот 68 ст. 2 предизвикува нејасност и непрецизност. Имено, вели пратеникот,  некои нотари носат решенија за нотарски платен налог без адвокатски печат за долг од поединечни фактури со помала вредност од 2.000 денари, а вкупната вредност на долгот е над 2.000 денари, а некои бараат задолжително адвокатски печат во вака опишан случај, ова од причина што некои ја толкуваат одредбата од Законот дека веродостојна исправа е секоја фактура засебно, а не збир од сите фактури, а некои сметаат дека решението се издава на целата сума.

Потребата од давање на автентично толкување исто така е во смисла на тоа како треба да се толкува членот 68 ст. 2 од Законот за нотаријатот, односно дали предлогот за нотарски платен налог кој се однесува за долг од поединечни фактури со помала вредност од 2.000 денари, а вкупна вредност на долг збирно по сите фактури е над 2.000 денари, се доставува без адвокатски печат или задолжително со адвокатски печат?

„Од горенаведените причини, барам Собранието на Република Македонија да даде автентично толкување на членот 68 ст. 2 од Законот за нотаријатот, во смисла на тоа дали тој се применува и за случаите кога имаме вкупен долг кој се состои од неколку неплатени фактури од мала вредност 300, 400, 500 денари и го надминува износот од 2.000 денари, односно дали во ваков случај предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог врз основа на веродостојна исправа мора да содржи задолжително адвокатски печат?“, посочува пратеникот Китев во барањето за автентично толкување.

Мислење на Владата на РМ

„Неспорно е дека со членот 68 став (3) од Законот за нотаријатот се пропишува исклучокот од ставот (2) на овој член, односно дека доверителот врз основа на овој член го поднесува предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог врз основа на веродостојна исправа непосредно до нотарот, за побарување кое произлегува од комунални услуги пропишани со овој став и тоа од веродостојна исправа и доколку во предлогот има повеќе веродостојни исправи спрема ист должник по основ на иста комунална услуга, секоја од веродостојните исправи, без оглед на нивниот број во предлогот треба да биде во рамките на условите од член 68 став (3) од Законот за нотаријатот, односно без оглед на бројот на веродостојните исправи во предлогот, износот во секоја поединечна веродостојна исправа не треба да го надмине износот определен со членот 68 став (3) од Законот за нотаријатот“, се вели во мислењето мислењето на Владата на РМ.

М.В