/Прочитано:

436

Биро за јавни набавки: Известување од Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи

Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на РМ се обрати до Бирото за јавни набавки со барање да се сподели нивното укажување во однос на постапките за доделување на договор за јавна набавка на услуги за изработка на геодетски елаборати.

Напоменуваме, се вели во информацијата, дека при спроведувањето на постапките за доделување на договор, потребно е, освен прописите од Законот за јавните набавки, да се почитуваат и одредбите од материјалните прописи што го уредуваат предметот на набавка, во овој случај Тарифникот за висината на надоместокот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи и дополнувањето на Тарифникот за геодетски услуги. Во прилог дописот од Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на РМ.

М.В