/ Прочитано:

1.428

Бујар Османи: Европските перспективи претставуваат заеднички интерес кој го обединува Балканот

„Регионалната соработка, покрај големото значење за европските перспективи, значи и зголемена економска, културна и општествена размена, што, пак, само по себе претставува важна придобивка за граѓаните на нашите земји“ – истакна денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Тој додаде дека од заеднички интерес е и соработката во рамките на Берлинскиот процес, кој претставува значајна иницијатива за регионално инфраструктурно и економско поврзување на земјите од Западниот Балкан, како важни одредници за европските перспективи на земјите.

Во Секретаријатот за европски прашања, денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, одржа работен појадок со амбасадорите и нивните претставници на земјите од Западен Балкан. На средбата присуствуваа претставниците од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Оваа иницијатива на вицепремиерот Османи, за редовна координација на земјите од Западниот Балкан во интерес на европската перспектива, беше поздравена од страна на сите претставници, кои изразија задоволство и надеж дека таа ќе прерасне во редовна комуникација и координација, со цел поуспешно адресирање на заедничките интереси на земјите во насока на забрзана европска интеграција на регионот.

На средбата се разговараше за регионална соработка на земјите од Западниот Балкан, што претставува и еден од условите за напредок во евроинтегративниот процес. „Регионалната соработка, покрај големото значење за европските перспективи, значи и зголемена економска, културна и општествена размена, што, пак, само по себе претставува важна придобивка за граѓаните на нашите земји“ – истакна Османи. Тој додаде дека од заеднички интерес е и соработката во рамките на Берлинскиот процес, кој претставува значајна иницијатива за регионално инфраструктурно и економско поврзување на земјите од Западниот Балкан, како важни одредници за европските перспективи на земјите.

На средбата се разменија искуства и мислења за начините на кои може да се зголемат капацитетите на земјите за поголема апсорпциска моќ за искористување на ИПА-средствата, како и евентуалните последици врз ИПА- фондовите со намалувањето на буџетот на Европската Унија по завршувањето на процедурата Брегзит. Учесниците изразија подготвеност за меѓусебна соработка во насока на подигање на гласот за отстранување на заканите за намалување на фондовите за земјите аспиранти за влез во Унијата, со цел зачувување на фокусот кон евроинтеграциите во овие земји.

Средбата претставува прва од серијата предвидени редовни координативни состаноци со амбасадори на земјите од Западен Балкан, која е наменета за размена на информации од заеднички интерес.