/ Прочитано:

1.112

Царинската управа пред економските оператори ќе ги презентира измените на Царинскиот закон

„Царинската управа на Република Македонија ги поканува економските оператори да присуствуваат на презентацијата за измените на Царинскиот закон, која ќе се одржи на 23.8.2018 (четврток) во амфитеатарот на првиот кат во Царинската управа, со почеток во 10:30 часот.

Целта на презентацијата е економските оператори да се запознаат со измените на Царинскиот закон во делот на прекршочните одредби. На презентацијата ќе бидат дадени и примери со цел да се развие дискусија за нив“, се вели во соопштението на Управата.