/ Прочитано:

1.080

Централниот регистар на Република Македонија одбележува 16 години постоење 

Централниот регистар на Република Македонија одбележува 16 години постоење.  По тој повод ќе биде организирана и дводневна работилница организирана oд Централниот регистар, Регистарот за бизнис-регистри на Рeпублика Србија и Европската банка за реконструкција и развој – ЕБРД.

На конференцијата, на која ќе учествуваат претставници на регистрите од регионот, ќе биде презентиран проектот Регионален портал на бизнис-регистри.

Порталот беше почнат од страна на Србија и Македонија, во согласност со меморандумот за разбирање на Европската банка за реконструкција и развој, дизајниран како логички систем, односно регионален портал за регистрација на правните субјекти и овозможување на комбинирани сервиси и услуги со споредбени деловни податоци за правните субјекти, како и со информации за регистрираните сопственици, компаниите и нивните финансиски показатели, со микро- и макроизвештаи и анализи кои опфаќаат податоци и графички прикази.

Централниот регистар  е основан  како централна информативна база на правни и друг вид релевантни податоци. Централниот регистар во остварувањето на својата дејност, соработува со другите државни органи, правни и физички лица и разменува информации со други регистри од странство, освен ако за одреден вид размена на информации со закон поинаку не е определено.

М.В