/ Прочитано:

1.503

Делегација од Нотарската комора на РМ на јубилејот 10 години од основање на нотаријатот во Република Српска

Делегација на Нотарската комора на Република Македонија предводена од претседателот Васил Кузманоски и потпретседателот Наџи Зеќири беше во службена посета на Бања Лука, по повод јубилејот 10 години од основање на нотаријатот во Република Српска, информираат од Нотарската комора на РМ.

Во рамките на овој настан, на ден 9 март 2018 година, претседателот на Нотарската комора на Република Македонија Васил Кузманоски беше примен од претседателот на Република Српска Милорад Додиќ во Палатата на претседателот на Република Српска, заедно со претседателите на нотарските комори од Западен Балкан и Сојузната федерална нотарска комора на Германија.

„На средбата на која присуствуваа и министрите за правда на Република Српска и на Република Србија, Антон Касиповиќ и Нела Кубуровиќ, меѓу другото беше истакнато дека нотаријатот кој е заснован на принципите на латинскиот тип е гарант на правната сигурност на граѓаните и правните лица и е еден од битните предуслови за влез на земјите од Западен Балкан во Еврпската Унија“, соопштуваат од Нотарската комора.

М.В