/ Прочитано:

1.019

Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа и во Здружението на судии

 Претседателот на Здружението на судиите на РМ, судијата Џемали Саити, оствари средба со делегацијата на соизвестители на Мониторинг комисија на Парламентарното собрание на Совет на Европа, информираат од Здружението на судии.

На средбата, соговорниците дискутираа за тековниот реформски процес, при што претседателот Саити ја информираше делегацијата за активностите на Здружението во тие рамки, импутот на судиите, како и за очекуваните резултати по завршување на процесот кој се одвива во повеќе фази.

Членовите на делегацијата ја афирмираа поддршката на државата кон евроатлантските интеграции, нагласувајќи дека реформата во правосудниот сектор е од круцијално значење за целокупниот напредок на Република Македонија.

Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Министерството за правда оствари средба и со министерката за правда, Рената Дескоска.

М.В