/ Прочитано:

1.019

Делегацијата на Венецијанската комисија и Здружението на судии разговараа за измените на законите за судовите и за Судскиот совет

Претседателот на Здружението на судии на Македонија, Џемали Саити, придружуван од судиите: Емилија Шопар-Јованова, Зоран Јосифовски и Тодор Поп Панев, оствари работна средба со делегацијата на Венецијанската комисија, која деновиве е во посета на Република Македонија по повод мислењето што беше побарано од Комисијата во однос на Законот за судовите и Законот за Судскиот совет. На средбата се разговараше за тековните реформи на правосудниот сектор, а особено во делот на измените на Законот за судовите, каде што се предвидува дисциплинска одговорност на судиите.

Неодамна од Здружението на судиите истакнаа дека измените на законите за Судскиот совет и за судовите не ги исполнија очекувањата на судиите.

„Разгледувајќи ги активностите поврзани со реформскиот процес на правосудниот сектор, Управниот одбор на ЗСРМ, на седницата одржана на 15.5.2018 година, оцени (заклучи) дека последните измени и дополнувањата на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет не ги исполнија очекувањата на судите, а во насока на ефективно реформирање на овој сектор, особено измените и дополнувањата кои ги регулираат статусните прашања, односно дисциплинската одговорност на судиите и основите за разрешување“, се вели во соопштението на Здружението на судиите објавено во месец мај годинава.

М.В