/ Прочитано:

2.192

Деловникот на Собранието на РМ во врска со нацрт-амандманите на Уставот

Собранието донесе Одлука за пристапување кон измена на Уставот. По донесувањето на одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието со заклучок утврдува рок во кој подносителот на предлогот за пристапување кон измена на Уставот изготвува текст на нацртот на амандманите на Уставот, се пропишува во Деловникот на Собранието на РМ. Собранието заклучи Владата, како предлагач на измените, најдоцна во рок од 15 дена да изготви предлог-амандмани на Уставот и да ги достави до Собранието.

Во врска со нацртот на амандманите на Уставот, во Деловникот на Собранието понатаму  се пропишува дека текстот на нацртот на амандманите на Уставот со образложение предлагачот го доставува до претседателот на Собранието кој го доставува до пратениците и до претседателот на Републиката и до Владата, кога не се предлагачи, најдоцна 30 дена пред одржувањето на седницата на Собранието.

Претресот во Собранието се води по текстот на нацртот на секој амандман одделно и може да се дадат мислења и предлози. Претресот може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно.

Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Претресот во Комисијата за уставни прашања и во Законодавно-правната комисија може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно. Член на Комисијата за уставни прашања и на Законодавно-правната комисија и пратеник во текот на претресот може да говорат повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници го утврдува нацртот на секој амандман на Уставот одделно. Нацртот на амандманите Собранието го става на јавна дискусија. Собранието определува рок за спроведување на јавната дискусија, начинот на објавувањето на нацртот на амандманите и рок во кој предлагачот како носител на јавната дискусија до Собранието поднесува извештај за резултатите од јавната дискусија и текст на предлогот на амандманите на Уставот.

Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот

Предлогот за уставни измени на собраниска седница – објавен извештајот од Комисијата за уставни прашања

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања

Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот

Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот

Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата

М.В