/ Прочитано:

1.546

ДИК: До денеска се пријавиле 257 спорни гласачи

„Од нив, 31 лице се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 226 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб-апликацијата на Државната изборна комисија“, велат од ДИК.

Пријава во ДИК на спорни записи во Избирачкиот список

Пред два дена Државната изборна комисија го стави на јавен увид списокот на 39 502 лица кои се водат како спорни записи во Избирачкиот список и упати јавен повик до нив да се пријават за да го докажат своето право на глас. Заклучно со денес, 28 јули, до 13:00 часот вкупно 257 граѓани извршиле увид во списокот.

„Од нив, 31 лице се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 226 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб-апликацијата на Државната изборна комисија“, велат од ДИК.

Во текот на вчерашниот ден  можноста за пријавување ја искористиле вкупно 122 граѓани, и тоа лично, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, а во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија вкупно се пријавиле 5 граѓани, додека можноста за електронско пријавување ја искористиле 117 граѓани.

Спорните записи во Избирачкиот список за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните се појавија откако беа извршени вкрстени и теренски проверки.

Можноста за пријавување во ДИК ќе трае до 19 август 2016 година.