/ Прочитано:

1.845

ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го усвои Предлог-кодексот за набљудување на референдумот.

Како што беше речено, Кодексот става акцент на акредитираните набљудувачи. Тие треба да го познаваат законот, да се придржуваат кон неговите одредби, да се непристрасни и секогаш со себе да го носат беџот за идентификација.

„За фер и коректно набљудување ДИК е должна да донесе рамка за правилно однесување при набљудувањето на референдумот. Во согласност со Кодексот, само акредитирани набљудувачи можат да информираат за текот на гласачкиот процес“, беше истакнато на седницата.

Кодексот предвидува и ограничување за акредитираните набљудувачи – тие не смеат да влијаат при гласањето и при пребројувањето на гласовите, ниту да носат какви било партиски симболи.

Како што информираше претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, сè уште трае рокот за издавање акредитации за набљудувачи на референдумот.

ДИК на седницата го усвои и предлогот на Борис Кондарко за донесување комплетно нов правилник за приговори, кој ќе важи само за референдумот. Правилникот за изборниот процес нема да се менува.

Членовите на Државната изборна комисија ја поддржаа и одлуката да се ангажираат дополнителен број лица од Државниот завод за статистика со цел побрза обработка на податоците за излезеноста на граѓаните на референдумот.

Последниот извештај доставен до ДИК покажува дека заклучно со денеска за референдумот во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија се пријавени вкупно 2.855 гласачи, од кои прифатени се 2.755. Одбиени се 100 пријави, со образложение дека дел од лицата кои ги поднеле имале истечени патни исправи, а дел немаат живеалиште во Македонија. Поради тоа, појаснија од ДИК, немаат право да гласаат.

Пред почетокот на седницата, додека се утврдуваше дневниот ред, Кондарко информираше дека МВР ќе им издаде лични карти на вкупно 260 лица кои издржуваат казна затвор за да можат да го остварат своето право на глас. Процедурата за издавање на документите, рече Кондарко, е завршена.

На Избирачкиот список како иселени се запишани 87 илјади лица.

На седницата на ДИК беше наведено дека гласањето за дијаспората ќе чини околу една третина од гласањето минатиот пат, кога чинело 35 милиони денари.

80 милиони денари за Собранието на РМ за кампања за референдумот

Собранието ќе формира координативно тело за спроведување на референдумот

Одлука за начинот на избор на ИО во ДКП и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство

Претседателот на ДИК вели дека нема фантомски гласачи во Избирачкиот список

Програма за задолжителна едукација на изборни органи за спроведување на референдум на државно ниво

ДИК ќе го дополнува Правилникот за референдумот

Соопштение на „Цивил“ во врска со пријавени проблеми со Избирачкиот список

Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот

Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август

Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот

Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните

Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници

Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО

Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција  

М.В