/ Прочитано:

1.398

ДИК: Вкупно 1 224 граѓани кои се водат како спорни записи се пријавиле за гласање

Најголемиот број од граѓаните кои го потврдиле своето право на глас во ДИК се од Општина Чаир, односно вкупно 255 лица, од Општина Аеродром 90 лица го потврдиле своето право на глас, а од Општина Центар во ДИК се пријавиле 80 лица за да потврдат дека имаат право на глас. Одѕивот во останатите општини е помал.

Избори, гласање

Државната изборна комисија информираше дека заклучно со денес, 3.8.2016 година, до 13:00 часот, се пријавиле вкупно 1 224 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список се спорни според извршените вкрстени и теренски проверки, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 387 граѓани се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 837 граѓани за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК.

Најголемиот број од граѓаните кои го потврдиле своето право на глас во ДИК се од Општина Чаир, односно вкупно 255 лица, од Општина Аеродром 90 лица го потврдиле своето право на глас, а од Општина Центар во ДИК се пријавиле 80 лица за да потврдат дека имаат право на глас. Одѕивот во останатите општини е помал.

Вкупно 39 502 лица се водат како спорни записи во Избирачкиот список. Спорните записи во Избирачкиот список, за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните, се појавија откако беа извршени вкрстени и теренски проверки.

Можноста за пријавување во ДИК ќе трае до 19 август 2016 година.