/ Прочитано:

1.238

Дневен билтен на МВР

На 21.08.2018 година во 22.30 часот на крстосницата од ул. „Славеј Планина“, ул.„362“, ул. „Македонско Косовска бригада“ и ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. К. (46) од с.Блаце, скопско, удрило во осумгодишно момче од Република Србија. Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 21.08.2018 година околу  11.00 часот кај место викано „Цветков чукар“ во с.Нов Истевник, делчевско, избувнал пожар, при што горела нискостеблеста дабова и борова шума. На местото излегле екипи од Територијалната противпожарна единица Делчево и Шумското стопанство „Голак“-Делчево и во 15.20 часот пожарот бил изгаснат. Со пожарот биле опожарени околу 50-60 декари борова и дабова шума. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево и инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување.

На 21.08.2018 година околу 13.00 часот во Полициската станица Штип, вработен во Територијалната противпожарна единица Штип пријавил дека дошло до палење на нискостеблеста трева до објект на ФК „Три Чешми“-Штип, при што објектот бил целосно опожарен. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на изминатиoт ден (21.08.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и шест со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и четири со лесни телесни повреди. 51 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 13 возачи бидејќи седум го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четири биле возачи почетници и двајца го управувале возилото под дејство на алкохол. 10 возила се исклучени од сообраќај бидејќи девет биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Санкционирани се и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, четрворица непавилно престигнувале и 11 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 58 мандатни платни налози, додека, исто така, 48 возила се подигнати со “Пајак”.