/Прочитано:

858

Дневен билтен на МВР

На 23.08.2018 година околу 05.00 часот на локалниот пат населба Илинден-с.Трубарево, патничко возило „Сеат Кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј. (17) од с.Трубарево, скопско, излеталo од коловозот и удрилo во дрвја. Возачот и сопатниците Б.Д.(17) и К.Т. (19), двајцата од Скопје, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“. На сите им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 22.08.2018 година во 18.20 часот во Центарот за информации и команда Тетово, било пријавено дека на местото викано „Кобилино поле“, атар на Маврови Анови, на Кораб Планина има планинари-државјани на Република Хрватска, претставници на планинарско друштво од Сплит. На еден од нив, П.П. (58) од Сплит му се влошила здравствената состојба и побарал помош. Со хеликоптер на МВР лицето било донесено во Градската општа болница „8-ми Септември“-Скопје, каде од страна на лекар била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

На 22.08.2018 година околу 13.30 часот во водите на вештачкото езеро во с.Борино, крушевско, била пронајдена почината В.Ј. (35) од Прилеп. Извршен бил увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител нема да се врши обдукција на телото на починатата.

На 22.08.2018 година во 19.10 часот во Полициската станица Валандово, Д.Ј. (62) од Валандово пријавил дека го пронашол починат неговиот сосед П.Ј. (62) во дворот од неговата куќа на ул.„Орце Николов“. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Валандово и лекар од Здравствен дом –Валандово, кој констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

На 22.08.2018 година околу 20.40 часот во викенд населба во с.Грчец, скопско, од засега непознати причини избувнал пожар во викенд куќа на еден кат за која се уште не е утврдено кој е сопственик. Куќата била целосно изгорена, а пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши.

Во текот на изминатиoт ден (22.08.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле четири сообраќајни незгоди од кои две со телесни повреди и две со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со лесни телесни повреди. 27 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 29 возачи бидејќи 19 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и осум го управувале возилото под дејство на алкохол. 11 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 10 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Санкционирани се и три возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четири неправилно се престроиле, четири неправилно престигнувале и седуммина не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се четири пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и четири кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 53 мандатни платни налози, додека исто така 49 возила се подигнати со “Пајак