/ Прочитано:

1.402

Дневен билтен на МВР

„На 15.08.2018 година околу 21.20 часот на регионален пат Куманово-с.Липково, во с.Опае, М.А. (20) од с.Отља-општина Липково, управувајќи патничко возило „Форд-Фокус“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб. Притоа, со повреди се здобиле возачот М.А. и сопатникот и сопатникот А.Е., кои биле пренесени во Општа болница Куманово. По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, двајцата биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во 00.00 часот на 16.08.2018 возачот М.А. починал, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

На 15.08.2018 година во 09.30 часот на локалниот пат с.Требеништа-с.Ливоишта, Р.Ј.(67) од с.Требеништа, со живеалиште во САД, управувајќи трактор „ИМТ“, изгубила контрола над тракторот и тој почнал да се движи наназад. Во тој момент сопатничката В.М. (62) од с.Требеништа, со живеалиште во Австралија, паднала од тракторот и со задното тркало тракторот поминал преку неа. Во незгодата, В.М.се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во болницата „Св.Еразмо“, но поради сериозноста на повредите била префрлена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

На 15.08.2018 година во 20.35 часот во село Сопиште, скопско, патничко возило „Југо Корал“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н. (25) од Скопје, удрило во пешакот С.С. (31) од Скопје. Од ударот С.С. се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. По укажаната лекарска тој бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипша од СВР Скопје.

На 15.08.2018 година во 17.10 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, К.Р. (35) од Битола, управувајќи мопед „Априлиа“ со битолски регистарски ознаки, удрил во куче скитник и паднал на коловозот. Во незгодата К.Р. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му била укажана лекарска помош.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

На 15.08.2018 година околу 14.30 часот на патот Демир Капија-с.Бесвица, мотоцикл „Орион“ без регистарски ознаки, управувано од В.Б.(34) од Демир Капија, удрил во паркирано товарно возило „ДАФ“ со демиркаписки регистарски ознаки. Од ударот В.Б. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Неготино. По укажаната помош, заради карактерот на повредите,  тој бил пренесен на лекување во Ургентен центар при комплекот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.

На 16.08.2018 година околу 01.15 часот на ул. „Невена Ѓорѓиева Дуња“ во Скопје, од засега непознати причини, настанал пожар во куќа во која не живее никој бидејќи сопственичката В.С. била почината. Со пожарот била опожарена кровната конструкција од куќата. Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.

На 15.08.2018 година околу 22.55 часот во Единицата за информации и команда Скопје, медицинска сестра од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ пријавила дека кај нив била донесена повредена Е.Ш. (61) од Скопје. Таа се здобила со повреди на главата, откако изгубила свест и паднала од скали во семејната куќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.08.2018 година во 00.30 часот на Граничниот премин „Богородица“ со патничко возило „Фолксваген Шаран“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62)од Република Македонија, допатувале У.А. (28) и Г.Р. (25) од Република Турција. При пасошка контрола, било констатирано дека пасошите на турските државјани биле предмет на потрага на Интерпол-Турција, односно биле пријавени за изгубени/украдени од имателот. При претрес на багажот на турските државјани биле пронајдени уште две оригинални турски патни исправи. У.А. и Г.Р. биле лишени од слобода и предадени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Во текот на изминатиoт ден (15.08.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, две со телесни повреди и девет со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и пет со лесни телесни повреди. 68 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 25 возачи бидејќи 17 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и шест го управувале возилото под дејство на алкохол. 14 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 13 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 109 мандатни платни налози, додека исто така 53 возила се подигнати со “Пајак”.

На 15.08.2018 година во 17.20 часот во Полициска станица “Центар”, Д.М.(38) од Скопје, пријавил дека околу 16.00 часот на улица “Кеј Димитар Влахов” во МРТВ – Управни служби, додека чекал за подигнување на лична карта бил физички нападнат од страна на вработен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.08.2018 година во 13.15 часот е пријавено дека во Комплекс клиники Мајка Тереза е донесен повреден А.Џ.(47) од Скопје. При извршен разговор со повредениот е констатирано дека на улица  “Кирил и Методиј” додека извршувал работни задачи на кров, се лизнал и паднал на земја, по што се здобил со тешки телесни повреди. Лицето е задржано за понатамошно лекување.

На 15.08.2018 година во 02.40 часот во Полициската станица Карпош, вработен во клиниката Жан Митрев пријавил дека две непознати лица запалиле дрво (палма) пред клиниката. Лицата дошле со патничко возило, го запалиле дрвото и со возилото побегнале во непознат правец. Пријавителот заедно со негов колегасо противпожарен апарат го изгаснале опожареното дрво. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

На 15.08.2018 година во 15,00 часот во Полициска станица “Гази Баба”, В.П.(67) од село Трубарево, скопско, пријавил дека околу 14.00 часот од страна на напознато лице извршена му е измама при што му биле одземени 200 евра. Откако пријавителот му кажал на сторителот дека сака да купи дрва од него но , прво да ги види, истите се упатиле кон камионот каде што се наоѓале дрвата. Во меѓувреме сторителот се вратил во домот на пријавителот и од сопругата на В.П. одзел 200 евра со изговор дека така кажал нејзиниот сопруг по што заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.08.2018 година во 08,00 часот  Ј.М.(55) од село Брњарци, скопско, пријавила дека на 14.08.2018 година во времето од 12.00 до 13.00 часот била измамена од страна на непознато лице при што и биле одземени  5.000 денари. Измамата е извршена од страна на непознато лице на тој начин што пријавителката му дала пари за да и донесе огревно дрво и откако и рекол дека веднаш ќе и ги донесе дрвата заминал во непознат прваец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.08.2018 година во 23,00 часот во Полициска станица Аеродром, Г.Ѓ.(31) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18,50 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“-Скопје, отишол на тренинг и заедно со навивачката група се сместил најгоре на трибината, а под него биле Х.В., М.М., В. С., К.М., Д.Ф. и други навивачи. Во еден момент дошло до расправија помеѓу пријавителот и Х.В., во која Х.В. физички го нападнал, а откако околу 19,30 часот Г.Ѓ. излегол надвор од спортскиот центар, повторно бил нападнат од Х.В. и лицата кои биле заедно со него. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Во периодот од 23.00 часот на 15.08.2018 до 00.40 часот на 16.08.2018 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, сопственост на А.А.(28) од село Боговиње. За време на контролата во објектот биле затекнати девет женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив четири биле странски државјанки (три од Република Србија и една од Република Бугарија) и пет македонски државјанки. Заедно со сопственикот на објектот тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

На 15.08.2018 година околу 15.55 часот во маркет на улица „Септемвриска“ во Свети Николе непознато женско лице извршило разбојништво при што со употреба на сила и закани кон вработената, од касата одзела околу 5.000 денари во различни апоени, по што заминала во непознат правец. Истиот ден околу 16.00 часот во друг маркет на улица „Септемвриска“ во Свети Николе, М.Ј.(33) од Свети Николе, со употреба на сила и закана кон вработената, од касата одзела 6.600 денари во различни апоени, по што го напуштила местото на настанот. По преземени мерки, околу 17.00 часот полициски службеници ја пронашле М.Ј. и ја лишиле од слобода, истата е задржана во Полициската станица Свети Николе за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против К.Т.(37) од Скопје, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 14 август при извршен претрес во домот и викенд куќата на пријавениот, од страна на полициски службеници пронајдени и одземени се дигитална вага со остатоци од тетрахидроканабинол и амфетамин, четири стебла и 10 гранчиња со листови од растението Cannabis.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против М.С.(40) и К.С.(39), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „насилство“. На 05.08.2018 година околу 01,15 во Крушево на улица „Мише Ефтим“, додека две лица на возраст од 15 и 16 години седеле на скали пред вила на посочената улица, првопријавениот од тераса од неговата куќа ги замолил да бидат тивки, по што се симнал и започнал расправија со 16 годишното лице а потоа и физички го нападнал удирајќи го со дрвен предмет во пределот на главата и телото. Во нападот му се приклучил и второпријавениот и заедно со раце го фрлиле детето преку оградата, нанесувајќи му телесни повреди.

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(19) од Тетово, за сторено кривично дело “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 24 јуни околу 02,45 часот пред угостителскиот објект во Тетово при интервенција на полициските службеници поради нарушен јавен ред и мир, пријавениот физички нападнал еден од полициските службеници.

Регионалниот ценатар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против А.О.(54) од Р.Турција, за сторенo кривично делo ,,фалсификување исправа“. На 14 август во 21,00 часот, на Граничен премин „Деве Баир“ на влез во Р.Македонија, при извршена контрола од полициски службеници пријавениот на увид доставил фалсификувани меѓународни зелени карти за осигурување од автоодговорност за товарно возило „Даф“ и полуприколка „Тирсан“ со турски национални ознаки. Со пресуда на Основен суд Крива Паланка на пријавениот изречена му е алтернативна мерка условна осуда.

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Л.П.(50)од Куманово, за сторено кривично дело „давање лажен исказ“. На 07.06.2018 година во Куманово во Отсекот за управни работи, пријавената пред референтот за моторни возила поднела потпишана изјава во која навела дека ја изгубила возачката дозвола, иако занела дека истата поради сторен сообраќаен прекршок и била одземена во Р.Бугарија на 27 мај, по што органот на управата донел одлука да и се издаде дупликат од возачката дозвола.“

М.В